Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривични пријави против неколку лица од РЕК Осломеј, го оштетиле претпријатието за 597.080 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривични пријави против неколку лица од РЕК Осломеј, го оштетиле претпријатието за 597.080 денари
ХРОНИКА

Кривични пријави против неколку лица од РЕК Осломеј, го оштетиле претпријатието за 597.080 денари

Објавено May 22, 2025 14:30
Сподели
Сподели

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против В.Ј.(62) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и С.С.(61) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Прво и второпријавениот, во својство на директори на РЕК Осломеј – Кичево, во периодот од 02.09.2022 до 26.10.2023 им овозможиле на двајца работници да земаат плата во цел износ и покрај тоа што отсуствувале повеќе од три последователни или вкупно пет работни денови во текот на една година. На тој начин го оштетиле јавното претпријатие за вкупно 597.080 денари. Пријавената В.Ј., како одговорно лице во јавното претпријатие, не извршила надзор и контрола над доаѓањето и одењето од работа на работник, ниту пак извршила должен надзор и контрола над работењето на четвртопријавената, која, во својство на работник евидентичар, во лажна исправа внела невистинита содржина дека работникот е присутен на работа иако отсуствувал од работа вкупно 78 работни денови, по што исправата ја употребила како вистинита и му овозможила на лицето да се стекне со противправна имотна корист во износ од 227.771 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Просечната нето плата во март 44 763 денари
Следна Статија Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична пријава за градоначалник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено…

February 26, 2025
ХРОНИКА

Екс директорот на затворот Шутка осуден на осум месеци затвор

Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба…

December 31, 2025
ХРОНИКА

Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите блиски со апел

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин…

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?