Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
СВЕТ

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Објавено April 2, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Царините планирани од американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Во интервју за ирското радио Newstalk, Лагард изјави дека штетата предизвикана од царините на Трамп зависи од нивниот обем и времетраење, како и од тоа дали тие ќе доведат до успешни преговори.

Според неа, трговските конфликти често се штетни за страната што ги започнала, па често водат до преговори каде ќе бидат укинати некои царини, пренесува Ројтерс.

Пазарите денеска очекуваат нова рунда царини на Трамп, вклучително и 25 отсто царина за сите автомобили произведени надвор од САД, кои најверојатно ќе бидат објавени по затворањето на европските пазари.

Администрацијата на Трамп го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, а се очекува американскиот претседател да ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини, објави Си-Ен-Ен.

Белата куќа, наводно, размислува за воведување универзални царини од 20 отсто за повеќето увозни производи, но други опции како што се реципрочни царини за секоја земја се уште се на маса, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на три анонимни информирани извори.

Францускиот министер за индустрија Марк Фераси изјави дека Европа ќе одговори пропорционално на очекуваното воведување царини од страна на Соединетите Американски Држави, но дека во никој случај тензиите нема да ескалираат.

„Европа отсекогаш била за преговори и намалување на тензиите, бидејќи трговските војни носат само губитници“, изјави Фераси за радиото RMC, пренесуваат медиумите, а пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија
Следна Статија Убиле старец и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Русија треба да се размрда

Русија треба да се размрда, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа „Турт соушал“ (Truth social). Тој додаде дека…

April 11, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Околу 50 лица повредени- се судрија два трамваи во Стразбур

Околу 50 лица се повредени денеска во судир на два трамваи во тунелот на станицата во Стразбур Бас-Рин, соопштија полициски…

January 11, 2025
СВЕТ

Таа е втората дама на Америка: Ќерка е на имигранти, а цело време се држи настрана од медиумите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера положи заклетва и ја помина церемонијата на инаугурација, а за време на истата, освен неговата…

January 21, 2025
СВЕТ

Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?