Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Додека државата гори, додека семејствата во Кочани молат за помош, Владата ќе потроши 1,8 милион евра од народните пари за да се луксузира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Додека државата гори, додека семејствата во Кочани молат за помош, Владата ќе потроши 1,8 милион евра од народните пари за да се луксузира
ПОЛИТИКА

Кузеска: Додека државата гори, додека семејствата во Кочани молат за помош, Владата ќе потроши 1,8 милион евра од народните пари за да се луксузира

Објавено July 11, 2025 12:46
Сподели
Сподели

Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според неа, повеќе од 110 милиони денари ќе платат на приватна фирма за „визуелни идентитети“, столови со еко-кожа, тотеми, билборди, спотови, брошури, кетеринзи и престои на промотери цели 4 месеци во Белград.

Луѓето во оваа држава, додава таа, едвај преживуваат, платите стагнираат, нема пари за Кочани, нема пари нови пожарникарски возила, нема пари за ништо освен за промоција на Мицкокси и Владата. За тоа нема проблем да има речиси 2 милиони евра.

„Ова е чиста навреда за граѓаните. Владата со овој тендер ја покажува својата вистинска природа: луксузирана, одлепена од реалноста, во која министри и премиер си замислуваат дека народните пари се нивна сопственост за шетање по Белград и снимање спотови.

И не само тоа. Овој тендер, кој вклучува медиумски кампањи, спотови, билборди, реклами на социјални мрежи, банери, соопштенија и цела инфраструктура за промоција отвора сериозно прашање: дали овие 1,8 милиони евра од буџетот всушност се уште еден начин Владата да си ја плати сопствената изборна кампања со пари од граѓаните. Дали токму преку овие тендери Владата ќе си обезбеди медиумски простор, билборди, видеа и маркетинг кој ќе го користи за сопствена пропаганда пред и за време на изборите? Кој ќе одговара за ова расфрлање со нашите пари“, прашува Кузеска.

Ова, како што истакнува, не е влада на народот, ова е влада одлепена од реалноста, арогантна, без трошка чувство за одговорност кон граѓаните.

Ги повика граѓаните да видат на што се трошат нивните пари.

Да видат како Владата избра да се луксузира и да си прави промоции наместо да им помогне на оние кои секој ден се борат да преживеат.

Оваа ароганција мора да престане. Оваа скапа срамота ќе ја разоткриваме до крај и ќе бараме одговорност за секој денар потрошен за оваа бесрамна авантура на Владата“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември
Следна Статија Владата оддаде почит за жртвите од Сребреница: Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Зошто Деспотовски и Шилегов се избрани од ВМРО за напад врз партијата?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека интензивирањето на нападите, црните кампањи и обидите за внатрешно рушење на партијата доаѓаат во…

January 23, 2026
ПОЛИТИКА

Шукова: БРТ системот е брзо, ефикасно и реално решение за Скопје

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, најави дека доколку добие доверба од граѓаните, веднаш ќе започне…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола

Седумдесет и три нови лица планира да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постоечките вработени во општинската админстрација,…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?