Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден
СПОРТ

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Објавено January 17, 2026 09:49
Сподели
Сподели

Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија.

По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија.

Тој се осврна и на отсуството на двајцата искусни ракометари Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не беа во записникот на дуелот со Данска.

-Причината за нивното отсуство се ситни повреди и во разговор со играчите и медицинските лица и стручниот штаб е донесена одлука да не настапат. Да беа здрави сигурно ќе играа, тие имаат добра сезона и се надевам дека ќе бидат подготвени за неделниот дуел со Португалија, изјави Лазаров.

Нашиот следен ривал шампионатот го почна со победа над Романија со 40:34 во натпревар во кој во целиот тек имаа водство. Натпреварот на македонските и португалските ракометари се игра во недела во Хернинг со почеток во 18 часот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 3 работи што епизодата ‘8:00 AM’ на ‘Пит’ ги постигна точно за ВИ во медицината, и една големa грешка
Следна Статија Споредба на Animal Crossing: New Horizons – Nintendo Switch 2 Edition vs. оригинален Switch

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Изгоре куќата на Стив Кер

Шумскиот пожар кој беснее на повеќе локации во Лос Анџелес проголта се што ќе му се најде на патот, уништувајќи…

January 10, 2025
СПОРТ

Мајк Мелоун доби отказ од Денвер, веднаш назначен нов тренер

Денвер донесе две тешки одлуки во период од само еден час и означи крај на соработките со тренерот Мајк Мелоун…

April 9, 2025
СПОРТ

Вардар го дозна противникот во 3.коло

Вардар го дозна името на противникот во третото квалификациско коло, во Конференциската лига. Доколку, во втората рунда, Вардар ја елиминира…

July 21, 2025
СПОРТ

Македонските фудбалери ја пречекуваат Летонија

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?