Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
ЗДРАВЈЕ

Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари

Објавено April 16, 2025 14:36
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје. Пациентот бил примен и со одлука на лекарите било одлучено конзервативно да се лекува, а не да се оперира, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.

Вели дека за жал не знае што се случило и зошто настапила смрт кај пациентот и зошто семејството не дозволило да се изврши обдукција.

-Да беше направена обдукција ќе се знаеше, бидејќи е констатирано дека имал и други здравствени проблеми, не е само аневризма на аортата, рече Таравари.

Прашан за набавката на апаратот за ангиографија Кардиохирургија и зошто досега не бил ставен во функција, министерот рече дека секогаш се бара од клиниките да посочат какав апарат бараат.

-Одлучиле да набават апарат кој е и компјутерска томографија и ангиограф и вистина е дека побарале да се постави на шини за да биде посигурен и со тоа подобро сме со осигурале за да не биде за 2 или 3 тони колку што тежи. Точно не знам и сега тоа е направено и апаратот веќе е инсталиран, истакна Таравари.

Тој рече дека не сака да зборува за приватните болници кадешто евентуално требало да биде однесен сега починатиот пациент и како што рече Таравари било разговарано со нив, но пациентот имал и друг здравствен проблем.

И директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски очекува Стручната комисија да ги испита сите детали за овој случај.

Инаку, вчера Таравари изјави дека за починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна
Следна Статија Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Сведочење во Сенатот на д-р Роберт Саливан за мРНА вакцините: Се чувствувам како да сум добил смртна пресуда (ВИДЕО)

Од силен, здрав и напреден човек, како што себеси се опишува анестезиологот д-р Роберт Саливан кога ја примил првата мРНА…

August 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Магнезиумот не е за секого

Магнезиумот е еден од најчесто препорачуваните додатоци во исхраната, особено кога станува збор за подобар сон, помалку грчеви и чувство…

April 5, 2026
ЗДРАВЈЕ

Здравствениот систем беше затекнат во девастирана состојба, младите кадри се клучни за обнова

Во денешното издание на поткастот, „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше Д-р Игор Николов, доцент на Медицинскиот факултет и лекар на Универзитетската клиника…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?