Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Либералите бараат воведување на електронска нараквица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Либералите бараат воведување на електронска нараквица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“
ПОЛИТИКА

Либералите бараат воведување на електронска нараквица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Објавено September 19, 2025 11:57
Сподели
Сподели

Либерално-демократската партија предлага воведување на електронска нараквица за насилниците, по двојното убиство во Велес, кога Илија – поранешниот партнер на Росица – ја уби неа и нејзиниот татко.

„Нашето главно прашање е: дали вие, пратеници и пратенички, сте свесни дека со тоа што на 1 април не се издигнавте над партиските интереси и не дадовте поддршка на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, му овозможивте на Илија ладнокрвно да ги убие Росица и нејзиниот татко“, изјави Цветанка Геговска од Извршниот одбор на ЛДП.

Таа потсети дека, доколку измените предложени од нивната пратеничка и претседателка Моника Зајкова беа веќе усвоени, сторителот ќе носеше електронска нараквица и денес Росица и нејзиниот татко ќе беа живи.

Електронската нараквица, како што објаснува Геговска, ја предупредува жртвата кога насилникот ќе се приближи на оддалеченост помала од 100 метри.

„Со оваа мерка ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за повторно изложување на насилство. Нека трагедијата на Росица и нејзиниот татко биде последна“, порача таа.

Геговска ги потсети пратениците дека граѓаните ги избраа да носат одлуки со кои ќе го подобрат секојдневието и апелира, без разлика на политичката, етничката или верската припадност, да гласаат за воведување на електронската нараквица и да се стави крај на ваквите трагедии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 40% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со проблемите во општините, а 40,1% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори
Следна Статија Анкета: Орце Ѓоргиевски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победат во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир

Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил. Како што вели,…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош

Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: Кој ќе се извинува сега Томовски?

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски го чисти буџетот.…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?