Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема

Објавено July 1, 2025 08:48
Сподели
Сподели

 Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот. 

На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат  еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции. 

Во рамки на лидерската средба ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција. 

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Премиерот Мицкоски вчера во Владата одржа средба со еврокомесарката за проширување Кос, на која ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во клучните области.

-На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции. Ја истакнав цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација, напиша Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил.

Еврокомесарката Кос, посочува тој во објавата, ја поздравила реформската агенда на Владата и ја потврдила поддршката на Европската комисија за напредокот на регионот на европскиот пат.

Премиерот нагласил дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани.

Мицкоски синоќа во Скопје ги пречека и лидерите од регионот кои ќе учествуваат на самитот.

-Имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан, и оваа прилика ја користиме за лобирање за македонските интереси и политики, објави на фејсбук профилот премиерот Мицкоски.

Инаку на Меѓународниот аеродром во Скопје Кос беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој оцени дека евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата.

– Н состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во Европската унија, објави на неговиот официјален фејсбук профил Муцунски. 

Евокомесарката за проширување вчера во пресрет на официјалниот почеток на Самитот на лидерите од Западен Балкан, оствари средба и со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Во разговорите, како што соопштија од МЕП, Муртезани ги истакнал резултатите кои земјава досега ги постигна во спроведувањето на Планот за раст, кој е носечка тема на Самитот, како и Реформската агенда 2024-2027.

-Еврокомесарката Кос ги поздрави посветеноста и реформските напори на Владата, посебно во делот на успешно реализираните реформи, новоусвоените закони и динамиката на спроведување на приоритетните мерки во повеќе клучни сектори како што се: управување, енергетика, зелена транзиција, дигитализација, развој на човечкиот капитал, бизнис климата и владеење на правото. Комесарката ја охрабри Владата да продолжи со оваа динамика на реформи, истовремено укажувајќи на важноста од искористување на актуелниот момент за натамошен напредок и надминување на преостанатите предизвици, се наведува во соопштението.

Посетата на еврокомесарката за проширување на земјава минатата недела ја најави Европската комисија која соопшти дека Кос доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека покрај премиерот Мицкоски, на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. 

Поради одржувањето на лидерската средба, овие два дена во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно градско подрачје. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО
Следна Статија Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција за девет месеци открила криминал вреден 30 милиони евра

Финансиската полиција е институција со мал број на вработени, но со најголема тежина во државата. Во период од една година…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија

„Изгорени“ од децениското загадување од РЕК „Битола“ битолчани денеска излегоа на протест пред општинската зграда спротивставувајќи се на изградбата на…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета на „ОМНИБУС“: Високи 52% од граѓаните мислат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемите во економијата од Владата на СДСМ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемире во економијата во споредба со претходната Влада на СДСМ покажува најновата анкета…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?