Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
ХРОНИКА

Лидија Димова осудена на казна затвор од две години

Објавено September 18, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.

Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок
од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Димова со нестручно и несовесно постапување овозможила противправна имотна корист на трети лица со што е направена штета од 2,818 илјади денари на Европските фондови.

-Во делот на измама на штета на европски фондови не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е јасно наведено на кој начин, дали и како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи недостига основ на делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистините податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Судот во тој дел беше должен да донесе ослободителна пресуда, рече судијката.

Застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

Обвинението против Димова е поднесено во јуни 2022 година.

Според Обвинителството Димова, во периодот од 2018 до 2020 година, како одговорно лице – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера за друг да прибави значителна имотна корист, ја злоупотребила својата службена положба и овластување и постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и др.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Jавната администрација нема повеќе да биде партиски плен, туку професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните
Следна Статија Намалена продажба, но цената на становите не паѓа: Најскапиот стан во Центар продаден за 260 000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Има докази и сведоци дека пожарот кај Смилковско бил подметнат

Пронајдени се докази, а има и сведоци дека пожарот кај Смилковско Езеро е подметнат, открива градоначалникот на Гази Баба Бобан…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино

По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави за…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Малолетници во бессознание донесени на Ургентен, пиеле алкохол во дискотека во Гостивар

Денеска (26.01.) во 00:55 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била…

January 26, 2025
ХРОНИКА

Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци

Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?