Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Намалена продажба, но цената на становите не паѓа: Најскапиот стан во Центар продаден за 260 000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Намалена продажба, но цената на становите не паѓа: Најскапиот стан во Центар продаден за 260 000 евра
ЕКОНОМИЈА

Намалена продажба, но цената на становите не паѓа: Најскапиот стан во Центар продаден за 260 000 евра

Објавено September 18, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава.

Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности.

Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана, а најголем број продадени куќи има во Битола односно 60 куќи.

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар каде стан од 96 метри квадратни е продаден по цена од 260 илјади евра или 166.563 денари за метар квадратен.

Во вториот квартал од годинава забележани се и 150 продажби на гаражи и тоа во поголем број општини, а најголем број деловни простории се продадени во општина Центар (28).

Во вториот квартал во Регистарот на цени и закупнини регистрирани се 754 продажби од инвеститор од кои 676 се станови, 71 куќа, пет гаражи и два деловни простора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
Следна Статија Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Енергетската независност една од стратешките цели на Владата – повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори

- Енергетската независност останува еден од највисоките стратешки цели на Владата, порачува Министерството за енергетика по повод 10 Јули –…

July 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во економската соработка меѓу двете земји

Се отвора ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Од денеска и официјално…

July 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас,…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?