Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши
МАКЕДОНИЈА

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши

Објавено July 31, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши. Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска донесе предлог одлука за избор на Народен правобранител и се постигне договор имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и со Бадинтер, Гаши, вели, би можел да свика итна седница уште денеска.

-Оваа тема ќе биде предизвик за нас како Собрание. Првата процедура што се однесува до Народниот правобранител веќе е започната. Имавме јавен оглас, имаме 17 кандидати за таа позиција. Денеска требаше да заседава Комисијата за избори и именување и ако тие одлучат за име за кое би се сложиле со таа одлука би можеле да свикаме пленарна седница да одлучиме за тоа име. Ако не ќе треба да почекаме подобри времиња и усогласеност околу тоа кој ќе биде кандидат или кој ќе биде избран за Народен правобранител – рече Гаши.

Еден од кандидатите што е пријавен на конкурсот за Народен правобранител е и шефот на Кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, кој денеска на брифингот со новинарите потврди дека се кандидирал и кажа дека со своето 18 – годишно како правник и 15 години искуство во Собранието, како меѓународен консултант и магистер по човекови права смета дека ги исполнува условите за оваа позиција. Небиу рече дека негова лична одлука била да се пријави на огласот за Народен правобранител.

Што се однесува до Комисијата за спречување на корупција, претседателот на Собранието кажа дека денеска ќе биде распишан јавен оглас за претседател на ДКСК.

-Собранието во рок од десет дена треба да распише оглас. Ние тоа ќе го направиме денеска за да се стигнат тие рокови. И сега ќе видиме како тоа правно ќе треба да го анализираме затоа што не се одредбите до крај прецизни дали можеме во време кога се распишани избори да се направи избор или да се назначи претседател за спречување на Комисијата или пак Народен правобранител- изјави Гаши.

Во однос на интерпелацијата на јавниот обвинител Љубомир Коцевски, првиот човек на законодавниот дом вели дека Собранието веќе се изјаснило и оти сега останува до другите органи кои треба да го слушнат овој глас на народните избраници – Владата и државниот обвинител, но според Гаши тоа треба да го стори и Советот на обвинители, доколку процени така.

Претседателот на Собранието Гаши на Илинден нема да се обрати на Пелинце од здравствени причини и најави дека тоа ќе биде еден од потпретседателите на Собранието.

Пратениците од 4 до 22 август заминуваат на одмор, но претседателот на Собранието потсетува дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно пратениците ќе бидат повикани на седница и за време на одморот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетник тешко повреден, го удрил автомобил на „Туристичка“
Следна Статија Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Со двојно поголем буџет, Мицкоски сака македонските универзитети да влезат во првите 1.000 на Шангајската листа

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со минатата година, достигнувајќи околу 650–660 милиони…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти, привремена забрана за 10

Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори. Решенија за…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?