Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Локални избори 2025: Утре завршува јавниот увид во Избирачкиот список, кандидатските листи до 13 септември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Локални избори 2025: Утре завршува јавниот увид во Избирачкиот список, кандидатските листи до 13 септември
МАКЕДОНИЈА

Локални избори 2025: Утре завршува јавниот увид во Избирачкиот список, кандидатските листи до 13 септември

Објавено September 10, 2025 08:27
Сподели
Сподели

Јавниот преглед на информациите од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува крајниот рок за доставување на листите со кандидати за градоначалници и за советници.

Изборната кампања за локалните избори, планирани за 19 октомври, ќе започне на 29 септември. Гласањето ќе се одвива во 80 општини и во Градот Скопје, на 3480 избирачки места.

Граѓаните имаат можност да го извршат јавниот увид денес до 20 часот во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, додека утре, на 11 септември, кој е последен ден од рокот, службите на Комисијата ќе работат до полноќ.

Барањата за внесување, дополнување или отстранување на податоците во изводите на Избирачкиот список, кој е достапен за јавен увид, граѓаните ги доставуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или до месната канцеларија во местото на живеење, или преку електронска пошта до ДИК.

Исто така, граѓаните можат да го сторат тоа преку електронската адреса за поднесување барања за запишување, дополнување или бришење на информации во Избирачкиот список: upisis@sec.mk. “Со барањето се приложуваат и потребните докази, а обрасците можат да се пронајдат и на веб страната на ДИК (sec.mk).” Увид во Избирачкиот список им се овозможува и на затворениците.

“Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, лицата во притвор или во затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК, од 23 август до 11 септември.”

ДИК е обврзана да донесе решение за барањата и пријавите на граѓаните во рок од 24 часа од моментот на приемот на барањето. “Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат.”

“По тужба, Управниот суд решава во рок од 24 часа и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.” “Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата за запишување, промена и бришење е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на ДИК.”

ДИК го заверува финализираниот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список кои се користат за гласање, најдоцна до 3 октомври. “Барањето за доставување на Избирачкиот список политичките партии го доставуваат до ДИК по електронски пат, најдоцна на 11 септември.”

ДИК, во рок од три дена (најдоцна до 14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, го доставува избирачкиот список до политичките партии кои поднеле барање до денот на завршување на јавниот увид. “Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до ДИК (најдоцна на 19 септември) доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.”

ДИК одлучува за поднесеното барање со решение во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список. “Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.” “Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.”

Министерството за внатрешни работи, во рок од еден ден од завршувањето на јавниот увид на 12 септември, доставува листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по било кој основ од денот на распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК ги внесува податоците за овие лица во избирачкиот список по службена должност.

Надлежниот орган за извршување на санкциите, најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, доставува податоци до ДИК за лицата кои се во притвор или кои се на издржување казна затвор, врз основа на евиденцијата што ја води тој орган. Податоците се доставуваат на магнетен медиум и задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ).

Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, најдоцна 30 дена пред денот определен за избори (најдоцна на 18 септември), врз основа на сопствената евиденција и врз основа на доставените податоци од одговорните лица во установите за вонсемејно згрижување, до ДИК доставуваат податоци за лицата кои се пријавиле за гласање во установите за вонсемејно згрижување.

Основните судови до ДИК доставуваат податоци за лицата на кои со правосилна судска одлука им е целосно или делумно одземена деловната способност, при што судот утврдил дека лицето нема способност да изрази правно релевантна волја на избори, како и податоци за лицата на кои им е изречена мерка притвор (најдоцна до 18 септември).

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид, односно најдоцна на 26 септември. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, односно најдоцна на 3 октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали јадете овесна каша или мусли за појадок: треба да ја знаете разликата
Следна Статија Непал не мирува: Запалена куќата на министерот за енергетика, се фрла кеш низ прозорците, претепана министерка (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Амбасадата на САД во Скопје го симна знамето на половина копје

Американската амбасада во Скопје, го симна знамето на половина копје, во знак на сочувство за трагедијата во Кочани. „Кочани“, стои…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“

Ден за високи гости беше реализиран денеска на армискиот полигон Криволак,  во рамките на меѓународната воена вежба „Брз одговор 2025“.…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, еден…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?