Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме, ќе изградиме нови паркинг места и катни гаражи со соларни панели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме, ќе изградиме нови паркинг места и катни гаражи со соларни панели
ПОЛИТИКА

Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме, ќе изградиме нови паркинг места и катни гаражи со соларни панели

Објавено October 9, 2025 08:29
Сподели
Сподели

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од вчерашниот народен митинг во општина Карпош, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

Лукровски истакна дека Карпош ќе стане уредена и зелена општина, со нови паркинзи, катни гаражи, реновирани паркови и спортски зони и ќе се решаваат проблемите со дивата урбанизација, а ќе се реновираат градинките и училиштата. Како што вели тој, со новото јавно претпријатие и редари, ќе се воведе ред и безбедност, а Карпош ќе биде место за култура, спорт и заедништво, со нови патеки, настани и активни маала.

„Во Карпош ќе има каде да се паркираме. Ќе изградиме нови паркинг места и катни гаражи со соларни панели. Ќе ставиме ред во сообраќајот. Ќе воведеме еднонасочни улици, јасна сигнализација и вистинска безбедност за сите. Ќе ставиме крај на дивата урбанизација. Доста е со мафијашки зделки и бетонски пустини. Јас нема да бидам ничиј партнер во инвестициите. Ќе формираме јавно претпријатие „Карпош План“, со кое ќе воведеме ред во урбанизмот и ќе ги решиме илјадниците легализации, транспарентно и чесно, заедно со вас сите, граѓаните“, кажа Лукровски и додаде:

„Карпош мора да биде зелен, чист и уреден. Постоечките паркови да ги блеснеме, ќе се гордееме со новиот парк 1020, ќе спортуваме и ќе се рекреираме во новата рекреативна зона Карпош хајкинг делта, тротоарите мора да бидат безбедни, клупите ќе ги обновиме, улиците да ни светнат. Ќе создадеме подобри услови за најмладите. Ќе отвориме нови места во градинките, ќе ги реновираме училиштата и воведеме редари во и надвор од нив , ќе воведеме униформи со печат на општината, симбол на нашето заедништво и на нашата гордост. Карпош ќе живее со спорт и култура. Ќе поддржиме спортски клубови, ќе изградиме нови патеки, сали и забавен парк со картинг. Нашите маала ќе оживеат со концерти, улични настани и уметност на секој ќоше“.

Лукровски кажа дека општината ќе биде отворена за граѓаните, без затворени врати и политика за поединци и дека тој секој ден ќе биде на терен, во контакт со народот, со поддршка за пензионерите, лицата со попреченост и сите карпошанци.

„Ќе ја вратиме општината во рацете на граѓаните. Нема повеќе затворени врати. Нема повеќе политика на поединци. Секој ден ќе сум еден од вас, секој ден ќе сум на терен меѓу вас, меѓу луѓето, меѓу народот, меѓу граѓаните на општина Карпош. Ќе дадам поддршка и за пензионерите, за лицата со попреченост, за секој карпошанец. Ќе ги обновиме фасадите, лифтовите, јавните простори“, вели Лукровски.

Лукровски нагласува дека локалната самоуправа нема да биде сама во реализирањето на плановите за развој на Карпош, а со поддршка од централната власт ќе се реализираат големи инвестиции и капитални проекти, со цел да се создаде Карпош кој ќе одговори на современите стандарди за живеење.

„И што е најважно од се, локалната самоуправа нема да биде сама во реализацијата на мисијата и визијата за развојно ориентиран Карпош, каков што му доликува на современиот тренд на живеење. За сите капитални проекти ќе ја имаме поддршката од централната власт, во која го имаме моторот на обновата на Македонија, нашиот карпошанец, претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски. Заеднички ќе реализираме големи и значајни инвестиции и капитални проекти во нашата општина“, заклучи Лукровски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ина за малтретирањето во старечките домови: Чудно и језиво ми е како имаме толку психопатишта на толку малку луѓе
Следна Статија Pepco влегува на македонскиот пазар – првата продавница се отвора во 2026 година во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја туркаат државата во економски хаос – инфлацијата вртоглаво расте, животот станува се поскап, стандардот на…

July 8, 2025
ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски задоволен од лидерската средба: Имавме плодна дискусија

Денеска јавноста беше сведок на еден поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминатите 35 години државност…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

Плусинфо: Дали кампањата на Османи ја води вработен во МНР?

Порталот дознава дека службениот и-мејл и телефонот на извесниот Мемет Жаку, вработен во Министерството за надворешни работи, е употребен за…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Попов: Во ЕУ само преку „мерит систем“, а не со национално обезличување како што правеше СДС

„Евроинтегративниот процес на Македонија го гледам низ призма да излеземе ние подобри од целиот тој процес, а да не се…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?