Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели

Објавено November 25, 2025 16:41
Сподели
Сподели

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради што, како што тврди, голем број мајки со новороденчиња остануваат без средства за основни потреби.

Според Радеска, породилното се исплаќа со задоцнување од 20 дена, а имало случаи и со повеќе од еден месец. Таа посочи дека дел од мајките се јавувале во Фондот за здравствено осигурување барајќи информации за исплатата, при што добивале одговор дека ваквото доцнење „било во ред“.

Радеска оцени дека ситуацијата е недозволива и наведе дека во минатото, ниту во услови на економска криза ниту при хакерски напади, не се случувале вакви доцнења. Според неа, причината за актуелните проблеми лежи во „неспособноста и расипничките приоритети“ на актуелната влада.

Од СДСМ прашуваат зошто, како што велат, нема средства за мајките и бебињата, додека Владата троши на „луксузни автомобили, мебел и тендери за блиски компании“. Партјата бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати надоместоци и да воведе фиксен датум на исплата секој месец.

Дополнително, СДСМ побара Владата јавно да ја соопшти финансиската состојба на Фондот и да објасни каде завршиле средствата предвидени за породилните надоместоци. Тие прашуваат и дали доцнењето е поврзано со неликвидност на буџетот.

„Ќе бидеме гласот на жените кои денес се чувствуваат изневерени од државата“, порача Радеска, најавувајќи дека партијата ќе продолжи да реагира додека, како што велат, не бидат исполнети сите обврски кон мајките и новороденчињата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Коцевски имаше можност и шанса, за жал, не ги искористи
Следна Статија ФЗО: Нема доцнење од 30 дена за породилното, проблемот е кај работодавачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Го објавуваме енергетскиот октопод на Мицкоски поврзан со СНС, „Руднап“ и Адамовиќ

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека е дел од бизнис мрежа во енергетиката, која се…

March 15, 2026
ПОЛИТИКА

Левица: Трипуновски ги етикетира земјоделците за да си ја спаси фотелјата – бараме итна оставка

Политичката партија Левица упати остри критики до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за ароганција и…

April 10, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола. Десетици милиони евра испумпаа фирми…

December 7, 2024
ПОЛИТИКА

Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во врска со работата на Македонско-бугарската експертска комисија за историски…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?