Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лукровски „Со љубов за Карпош“: Транспарентно носење ДУП-ови во интерес на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лукровски „Со љубов за Карпош“: Транспарентно носење ДУП-ови во интерес на граѓаните
ПОЛИТИКА

Лукровски „Со љубов за Карпош“: Транспарентно носење ДУП-ови во интерес на граѓаните

Објавено August 21, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Можам да ветам дека се што ќе правиме, ќе правиме транспарентно, нема да работам во интерес на поединци, рече кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски на денешната средба со новинарите.

Тој, како што кажа, е роден во Карпош и веќе 52 години е дел од оваа Општина. Рече дека не ветува невозможни работи, туку секојдневна работа, увид на проблемите на терен, директен контакт со граѓаните, кои за него се еднакви без разлика на националната, верска и друга припадност.

Под слоганот „Со љубов“ за Карпош, Лукровски на брифингот со новинарите претстави проектен план за Општината што опфаќа 12 точки, меѓу кои стопирање на бетонизацијата, чист и зелен Карпош, побезбедна населба, решавање на сообраќајниот хаос, дигитализација на општината, поинклузивна општина, унапредување на спортските активности и континуирано вложување во образованието.

Доколку ја добие довербата на граѓаните најпрво ќе се фокусира на неколку работи, меѓу кои решавање на проблемот со паркинг просторот, одржувањето на урбаната опрема и проблемот со сметот.

-Паркинг просторот на територијата на Карпош што ги засега сите граѓани, сметот, подобро организирано негово собирање, одржување на урбаната опрема – канделабри, клупи, осветлување, ревитализација на убавите паркови во Карпош, истакна Лукровски.

Тој посочи дека планираат да ги решат барањата за легализации на објекти, и оти ќе си дадат рок од две и пол години да ги решат над 11.000 барања за легализации.

-Тоа ни е определбата како што напоменав преку создавање јавно претпријате „Карпош план“. Да не шпекулирам со бројка отприка има 11-12.000 поднесоци. Во Бардовци има барања дури и од 2011 година. Без разлика дали ќе биде одговорено позитивно или негативно во следните две години определба ќе ни биде да ги завршиме барањата за легализација, затоа што само со решени легализации ќе носиме правилни ДУП-ови и понатаму, нагласи Лукровски.

Истакна дека преку претпријатието „Карпош план“ ќе се придонесе за носење ДУП-ови кои ќе бидат издржани и во интерес на граѓаните и во кои ќе бидат опфатени сите содржини за домување.

-И сето тоа ќе биде транспарентно, инклузивно, во соработка со граѓаните. Сепак сме ние сите соседи. Имаме потреба од паркови, имаме псостор, имаме државно земјиште по течението на Вардар. Моја лична определба како човек и татко на три деца во оваа Општина сметам дека треба да поработиме на нови паркови затоа што граѓаните веќе 30 години ги слушаат парковите во Карпош. Да не заборавиме дека и добар дел од Градскиот парк е во нашата општина и тука ни се заеднички ингерециите и со градот и со една добра соработка со градот да го живнеме и Градскиот парк, истакна тој.

Лукровски планира да вложува во образованието, при што во неговиот проектен план се предвидени и 200 нови места во градинките, униформи за сите основни училишта како и реновирање на училиштата по план за обнова.

Во однос на спортот во Општината, Лукровски на брифингот рече дека планира да го зголеми финансирањето на постоечките клубови, отворање на мега забавен парк со картинг патека, изградба на нови велосипедски патеки. Во однос на спортската сала „Партизан“ кажа дека таа че биде во функција на граѓаните и на учениците.

Најави и субвенции за млади, субвенции за ранливи категории пензионери, субвенции за социјални активности. Во овој дел во неговата програма е вклучено и субвенции за секоја зграда – задолжителна обнова на лифтовите и обнова на фасадите. Планирано е и формирање функционална шинтерска служба и општински стационар.

За решавање на паркинг просторот – во неговата програма е планирано 500 нови паркинг места преку монтажни катни гаражи со фотоволтаици на кровната површина, како и едонасочни улици како решение за зголемената безбедност.

Лукровски во однос на културните активности во Општината посочи дека плнаира мурали во секое маало, како и културна програма цела година – концетри, претстави, стенд ап комедии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер
Следна Статија Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Марта Кос: Заморот од проширувањето на ЕУ заврши, направете ги компромисите

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска на форумот „ЕУ го среќава Балканот“ во Софија им порача на кандидатите за членство…

April 17, 2025
ПОЛИТИКА

Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина иницијативата на Европскиот фронт за одржување надзорна…

April 15, 2025
ПОЛИТИКА

Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент“

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска од собраниската говорница, во рамките на седницата за пратенички прашања побара оставка и упати прашање…

April 24, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?