Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела по експлозиите во Каракас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела по експлозиите во Каракас
СВЕТ

Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела по експлозиите во Каракас

Објавено January 3, 2026 10:26
Сподели
Сподели

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата по експлозиите што одекнаа рано изутрината во главниот град Каракас.

Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнатаи главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара.

Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“.

– Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и природните ресурси. Сепак, САД нема да успеат да ни го одземат богатството, се нагасува во соопштението.

Венецуелската влада ги повика сите политички и општествени сили во земјата да се мобилизираат.

Најмалку седум експлозии одекнаа утрово во венецуелската престолнина, Каракас, а биле забалежани и авиони во низок лет. Експлозиите се случија околу 2:00 часот по локално време (7:00 часот по 2 часот наутро (7 часот наутро по централноевропско време).

Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја.

Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и во областа на аеродромот Карлота.

На видео, пак, емитувано од каналот VPItv се гледаат неколку хеликоптери како летаат над градот ноќе.

Ова се случува откако американската морнарица нападна неколку венецуелски бродови за кои се тврди дека носеле дрога.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, со месеци се заканува дека наскоро би можел да нареди напади врз копнени цели во Венецуела. Минатата недела, за време на средбата во Флорида со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потврди дека американските сили нападнале пристаниште во Венецуела кое се користи за трговија со дрога.

Венецуела вчера соопшти дека е отворена за разговори со САД за борба против трговијата со дрога.

Сепак, венецуелскиот претседател Николас Мадуро во претходно снимено интервју објавено во четврток изјави дека САД сакаат да изнудат промена на владата во Венецуела и да добијат пристап до нејзините огромни нафтени резерви преку повеќемесечна кампања за притисок што започна во август со масовно воено распоредување во Карипското Море.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп наредил напади врз Венецуела
Следна Статија Водич за избор на вистинскиот Apple Watch

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп за царините: Ова е економска револуција и ќе победиме

Големото зголемување на царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп предизвика ескалација на трговска војна и доведе до пад на…

April 5, 2025
СВЕТ

ТРАМП ИЛИ ХАРИС? Нилски коњ од зоолошка градина во Тајланд го предвиде победникот на изборите во САД (ВИДЕО)

Ѕвездата на социјалните мрежи, нилскиот коњ Му Денг од зоолошката градина во Тајланд, денеска предвиде дека републиканецот Доналд Трамп ќе…

November 5, 2024
СВЕТ

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина

Амeриканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД ќе воведат 100-процентна царина за целиот канадски увоз доколку Канада склучи трговски…

January 24, 2026
СВЕТ

Трамп за Иран: Понекогаш е неопходно да се употреби воена сила

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е незадоволен од Иран бидејќи Техеран сè уште не е подготвен да се откаже…

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?