Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маж ја тепал бремената сопруга во петти месец, обвинителството бара притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Маж ја тепал бремената сопруга во петти месец, обвинителството бара притвор
ХРОНИКА

Маж ја тепал бремената сопруга во петти месец, обвинителството бара притвор

Објавено August 29, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

При вршење семејно насилство во домот во Скопје тој телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво почнал да и се обраќа на висок тон, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. Потоа продолжил силно да ја притиска за вратот, иако знаел дека е во петтиот месец од бременост. Во еден момент ја зграбил и насилно ја фрлил во креветот, по што и ја удирал главата од ивицата на креветот. Престанал кога оштетената започнала да крвари, по што жртвата успеала да се засолни во тоалетот и да повика полиција и брза помош.

Осомничениот слушнал дека повикува помош, по што го напуштил станот. Кај оштетената била констатирани бројни повреди на главата, но и на плацентата во која е сместен плодот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинение за таткото тепач на младинскиот фудбалер од „Шкупи“, за делото предвидена затворска казна до пет години
Следна Статија Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен е Раде Трајковски Штекли

Македонската полиција денеска (сабота 18 јануари) во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија го уапси наркобосот…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Изгоре познат угостителски објект во Центар

Ноќва околу 3 часот по полноќ во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во…

April 16, 2025
ХРОНИКА

Грк повреди 23- годишна битолчанка кај Меџитлија

Вчера во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа…

November 22, 2025
ХРОНИКА

Има тешко повредени: Сообраќајна несреќа на регионален пат Тетово-Јажинце

На 13.09.2025 годинa во 09:40 часот во СВР Тетово e пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце се случилa…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?