Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија во вторник и во среда ја очекуваат обилни дождови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија во вторник и во среда ја очекуваат обилни дождови
МАКЕДОНИЈА

Македонија во вторник и во среда ја очекуваат обилни дождови

Објавено November 15, 2025 15:26
Сподели
Сподели

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуација кај нас ќе дојде до голема промена на времето која ќе предизвика од запад во нашата Македонија да се прошируваат обилни врнежи од дожд. Локално овие врнежи ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи.

Сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме обилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец а ќе има услови и за појава на грмежи.

Само во овие два дена локално ќе наврне големо количество на воден талог (локално над 50 литри дожд на метар квадратен а во западните предели локално дури и над 80 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, поради јужното воздушено струење тие остануваат без поголеми промени во однос на оние температури кои ги имаме сега, што значи дека натпросечните температури на воздухот за ноември продолжуваат и во овие два дена од следната седмица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запали автобус на ЈСП
Следна Статија (ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Алармантно: Прва цигара на 13 години – пушат над 40% од младите

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

За Муцунски Протоколот со Бугарија е еден од најштетните документи во нашата историја

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека развојот на состојбата со  иницијативата за оценување на уставноста и законитоста …

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади

Владата на Република Македонија разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево,…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?