Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија добива поддршка: На билатералните прашања не им е место во преговорите за ЕУ, порачаа Плаколм и Грашич
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија добива поддршка: На билатералните прашања не им е место во преговорите за ЕУ, порачаа Плаколм и Грашич
МАКЕДОНИЈА

Македонија добива поддршка: На билатералните прашања не им е место во преговорите за ЕУ, порачаа Плаколм и Грашич

Објавено October 6, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич даваат целосна поддршка на дијалогот меѓу Скопје и Софија, кој македонската Влада го најавува дека ќе се случи по изборите, односно по Нова година.

Плаколм и Грашич денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, одговорајќи на новинарско прашање за најавените разговори и дали нивните земји ќе се обидат да ја убедат Софија да разговара, нагласија дека во секој случај тие се силни поддржувачите на дијалогот.

– Секако дека сме поддржувачи на дијалогот. Австрија го поддржува процесот на пристапување во ЕУ и ќе поддржиме сè што е потребно за да видиме опипливи резултати во преговорите – нагласи Плаколм.

Додаде дека не само во врска со Македонија или Западен Балкан, туку воопшто, Австрија смета дека билатералните прашања треба да се дискутираат и да се решаваат билатерално, а кога станува збор за проширувањето на ЕУ, членките треба да зборуваат во еден глас.

– И затоа сметаме дека токму квалификуваното мнозинство за одлуки во преговарачкиот процес ќе помогне во тоа – додаде Плаколм.

Грашич се надворза дека билатерализацијата на процесот на проширување е секако загрижувачка.

Таа нагласи дека процесот не смее да се блокира со билатерани прашања, бидејќи и на самата ЕУ ѝ се потребни и членките, но и кандидатките, поради сменетата геополитичка состојба и поради безбедноста.

– Секоја рамка, секој дијалог, кои ќе ги поттурнат Македонија и Бугарија ги поздравуваме и ги поддржуваме – рече таа и изрази задоволство што и Советот на ЕУ и претседателот Антонио Кошта, како и Европската комисија изразиле подготвеност за тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија
Следна Статија Пензионерите ќе можат да работат без да им се чепка пензијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Предлагаме намалување на платите на функционерите за до 13.000 денари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија поднесе пакет предлог-измени на шест закони со кои се регулираат платите…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори

Jа споделувам грижата на скопјани. Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов

Состојбата е стабилна и безбедна врз основа на податоците на агенциите за разузнавање и за национална безбедност, како и од…

March 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Форум за разумни политики: Димовска треба да се повлече од функцијата поради истрагата против нејзиниот брат во врска со „Пулс

Форумот за разумни политики го објави првиот анализиран случај во рамки на Индексот за политички интегритет, чија цел е јавно…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?