Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија
ЕКОНОМИЈА

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

Објавено September 18, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската заедница за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Во нивниот коментар е потврдено дека документот е во согласност со европските стандарди и со обврските кои произлегуваат од Директивата (ЕУ) 2019/944, која ги задолжува земјите да воспостават и објават критериуми за утврдување на енергетската сиромаштија.

Тоа значи, како што соопшти Министерството утрово, дека методологијата е целосно прифатлива за објава, а воедно претставува и прв ваков систематизиран документ во земјава кој ќе овозможи реално мерење и следење на овој феномен.

-Со оваа методологија првпат се воспоставуваат јасни критериуми за препознавање на ранливите домаќинства – ниските приходи, високите трошоци за енергија во семејниот буџет и ниската енергетска ефикасност на домаќинствата. Овие параметри ќе бидат основа за натамошни годишни програми за заштита на ранливите енергетски потрошувачи. Методологијата е важна зашто ќе овозможи институциите да имаат јасна слика за обемот и структурата на енергетската сиромаштија во земјата, ќе послужи како основа за креирање таргетирани политики и мерки за заштита на домаќинствата кои најмногу се соочуваат со тешкотии при обезбедување енергија и ќе придонесе кон усогласување со европските практики и стандарди, како дел од пошироката агенда за енергетска транзиција и социјална одржливост, наведува Министерството.

Информира и дека веќе работи на следните чекори – подготвување на годишна програма за заштита на ранливите потрошувачи, каде методологијата ќе биде централна алатка за дефинирање на приоритетите и интервенциите.

-Со оваа методологија првпат систематски ќе ја измериме енергетската сиромаштија во земјава. Тоа ќе ни овозможи јасно да ги идентификуваме домаќинствата кои се најпогодени и да креираме прецизни, таргетирани мерки за нивна заштита. Нашата цел е никој да не биде оставен на маргините. Ова е силен чекор напред кон една поправедна и посоцијално одржлива енергетска политика. Со ова, Македонија прави значаен исчекор во градењето на праведна енергетска политика која се грижи за граѓаните и ја става социјалната димензија на енергетската транзиција во фокусот, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен
Следна Статија (Видео) Шоуто на Џими Кимел отстрането од програмата поради коментари за Чарли Кирк: „Ова е опасна репресија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јануари со пад на цените и инфлација од 3,2 %, но храната и безалкохолните пијалаци сè уште поскапуваат

Во првиот месец од 2026 година е измерена годишна инфлација од 3,2 %, додека месечно се регистрира дефлација од 0,7…

February 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина: Во јануари приходите со раст од 321,7 милиони денари, поднесени кривични за 34 лица

Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки за 321,7 милиони денари во однос на истиот период во 2024…

February 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Цените на становите не се реални, треба да се движат до 2.000 евра за метар квадратен!

Никола Велковски од здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека цените…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?