Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски параглајдерист го фатило невреме, завршил во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Македонски параглајдерист го фатило невреме, завршил во Албанија
ХРОНИКА

Македонски параглајдерист го фатило невреме, завршил во Албанија

Објавено August 31, 2025 22:02
Сподели
Сподели

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера.

-По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Македонија, дека параглајдерист полетал и како резултат на силни ветрови, го пренасочил својот лет и можел да падне во селото Аларуп, Поградец, службите на Локалната дирекција за граница и миграција од Корча веднаш се упатиле на дадената адреса, овозможиле негова локализација и воспоставиле контакт со спортистот В. П., кој бил во добра здравствена состојба, стои во полициското соопштение.

Според полицијата лицето В.П. било превезено до граничниот премин Тушемиште и влегло на македонска територија. Тој им се заблагодарил на полициските служби за брзата интервенција и покажаниот професионализам.

-Граничната полиција останува максимално ангажирана во служба на граѓаните, посетителите и туристите и ги поканува сите што имаат потреба да се јават на бесплатниот број 112, наведуваат од Дирекција за миграција и граница од Корча.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Си и Путин на самитот во Кина: „Партнерство без граници“ против американската доминација
Следна Статија Пораз во Германија: Европа лигата ќе остане сон за Алкалоид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три месеци затвор за скопјанецот што го малтретираше и уби Феликс, за соучесникот казна 1000 евра

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое…

July 15, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП

Во попладневните часови во селото Грушино, во близина на Арачиново, се случи сериозен инцидент кога автобус на ЈСП бил зафатен…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Уапсен директорот на „Ритрон Копи“, фирмата која ѝ продаваше телевизори на Лотарија

Финасиската полиција го уапсила Артан Ајрули од Куманово сопственик на фирмата ,,Ритрон Копи“ во истрагата во врска со Лотарија Државната…

December 26, 2024
ХРОНИКА

Тетовец загина во тешка несреќа кај Скудриње, сопругата му е тешко повредена

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње. Портпаролот на…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?