Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

Објавено September 25, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?, праша на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека по информација добиена од свиркачи, сопругата на Реџеп Исмаил, била специјален советник во МНР додека претседател на таа Влада беше Зоран Заев, односно предводена од СДС и ДУИ.

-Ангажманот на сопругата на Исмаил како таков не е проблематичен, туку е контрадикторен со ставовите на Левица, бидејќи тие се против договорите со Грција и Бугарија, а таа била дел од преговорите во тимот на Заев, односно на СДС и ДУИ, кои ги потпиша овие срамни договори на штета на македонскиот народ.

Оттука се поставува прашањето, дали Левица и Реџеп Исмаил го делат истото мислење? Дали Реџеп Исмаил пред јавноста вели дека е против договорите со Грција и Бугарија, а во позадина ги одобрува овие договори? Дали Реџеп Исмаил е против ЕУ и НАТО или тоа е само маркетиншки трик за во јавноста? И најважно, дали со ова се потврдува коалицијата на СДС, ДУИ и Левица?

Левица и со ова потврдува дека и во раководството изгледа сите не го делат истото мислење. Додека Апасиев се труди од петни жили да каже дека договорите со Бугарија и со Грција се штетни, Исмаил истите ги одобрува и поддржува.

Лицемерието и дволичноста на Левица и на Исмаил повторно се докажува. По ова јасно е дека тие се интересираат само за нивните цели, а не за македонскиот народ, вели Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ
Следна Статија Зеленски вели дека е подготвен да се повлече по војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе…

November 2, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на…

December 11, 2025
ПОЛИТИКА

Само ДУИ со пофалби за Марта Кос

Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?