Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масовна тепачка пред прилепската болница, 13 лица приведени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Масовна тепачка пред прилепската болница, 13 лица приведени
ХРОНИКА

Масовна тепачка пред прилепската болница, 13 лица приведени

Објавено September 19, 2025 15:44
Сподели
Сподели

Прилепската полиција приведе 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Физичката пресметка била меѓу две групи кои, за полицијата да ги смири, службено лице пукало во воздух. Инаку, на три лица им е укажана лекарска помош кои се здобиле со полесни телесни повреди од удари по главата.

Како што информираат од СВР Битола во прилепската полиција денеска околу 12 часот било пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети.

-На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол. Во Полициската станица во Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Основниот јавен обвинител Лидија Салатоска од прилепското обвинителство потврдува дека пред болницата настанала масовната тепачка и полицијата морала со истрерли во воздух да ја смирува ситуацијата.

-Тепачката помеѓу двете групи почнала изутрината во селото Бела Црква, општина Кривогаштани. Ситуацијата со физичката пресметка се префрлила пред градската болница во Прилеп, вели Салатоска која не може да каже за мотивот на пресметката.

Од Итната медицинска помош информираа дека пред да се појават групите, три лица побарале лекарска помош. Имале лесни телесни повреди, главно од тупаници и не биле во никаква животна опасност. Сепак биле пратени на натамошно лекување во хируршкото одделение во Болницата.

По лицата кои барале лекарска помош, веднаш се појавиле двете групи кои ја продлжиле физичката пресметка пред Болницата по што полицијата интервенирала и 13 лица биле приведени.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек
Следна Статија Боки и Карлеуша ќе снимат дует, еве за која песна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот?

Кираца Трајковска,поранешен заменик директор во „Фершпед“ денеска се појави во својство на сведок во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Ќерка ја удирала мајка си со чекан додека спиела – Обвинение за обид за убиство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднело обвинение за обид за убиство во Кавадарци извршено во услови на битно…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга

На 29 август 2025 година во 09:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 34-годишниот И.П.С. од…

August 30, 2025
ХРОНИКА

Видео од тепачката при приведувањето на сопственикот на запалената депонија во Визбегово

Тепачка изби денеска на местото на големиот пожар во Визбегово. Видеото може да се погледне тука Како што соопштуваат од Министерството…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?