Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР поднесе кривична против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР поднесе кривична против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор
ХРОНИКА

МВР поднесе кривична против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор

Објавено August 13, 2025 13:24
Сподели
Сподели

СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово.

-Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од слобода на 11.08.2025 во с.Гајре, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 3, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Против М.Т.(45) од Тетово и З.М. (37) од с. Гајре поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ (во обид) по член 123 став 1 во врска со член 19, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина, информира МВР.

Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена.

За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за „Еразмус+“
Следна Статија Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Паѓа случајот „Организатори 27 април“- направени битни пропусти, 6 години водена хајка

Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе…

December 24, 2024
ХРОНИКА

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија…

December 22, 2024
ХРОНИКА

Завршни зборови утре ќе дава Јовица Страшевски

Во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски утре во Кривичниот суд завршни зборови ќе дава адвокатот на…

June 19, 2025
ХРОНИКА

Жена тешко повредена откако ја удрил автомобил во Центар

На 29.01.2025 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел корса“…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?