Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Медицинска опрема од 18,6 милиони евра неискористена: нема кадар, нема услови, нема делови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Медицинска опрема од 18,6 милиони евра неискористена: нема кадар, нема услови, нема делови
ЗДРАВЈЕ

Медицинска опрема од 18,6 милиони евра неискористена: нема кадар, нема услови, нема делови

Објавено May 8, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Современа медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, не се користи доволно во јавното здравство поради необезбедени кадровски и просторни услови, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот Мој Термин, ревизијата утврдила дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврски, констатирал Државниот завод за ревизија.

Набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ), било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите.

Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација. Поради ограничени буџетски средства, не е набавена дополнителната опрема потребна за користење на сите нејзини функционалности. За дел од набавените апарати е обезбедена основна обука од производителот, но е потребна и дополнителна специјализирана обука за одредени здравствени работници за да можат целосно да ја користат опремата. Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети.

Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности.

Иако се набавени акцелератори и за други ЈЗУ, сите услуги во периодот 2021–2023 година ги обезбедува единствено Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде се третираат над 2.300 пациенти годишно, односно просечно се вршат околу 200 зрачни третмани на ден. Централизацијата на услугата доведува до преоптовареност на установата и персоналот, што може да влијае на континуитетот и квалитетот на третманот на пациентите.

На ниво на држава 9 ЈЗУ располагаат со 18 ангиографи ставени во употреба со вкупна набавна вредност од 12,9 милиони евра, од кои 10 се набавени во периодот од 2021 до 2023 година. Иако бројот на извршени услуги со ангиограф се зголемил за 68% во 2023 во споредба со 2021, утврден е незадоволителен степен на искористеност на дел од овие уреди, најчесто поради недостаток на стручен кадар и необезбедени просторни услови, како и поради отсуство на клинички патеки за вршење на овој вид услуги.

Во периодот опфатен со ревизијата, во овие установи се извршени 32.238 услуги со ангиограф, од кои половината се изведуваат на терциерно ниво, што создава висока оптовареност на кадарот и апаратите, особено во Клиниката за кардиологија која располага со 4 ангиографи. Услугите од интервентна радиологија се вршат во само две ЈЗУ од кои 81% се извршени како итни и прегледи без термин и како сервисни и интерни услуги.

Процесот на закажување и евидентирање на услуги со ангиограф не е унифициран, а ЈЗУ не постапиле во целост по задолжението на Министерството за здравство за подобрување на системот за упатување и закажување преку „Мој термин“.

Во јавното здравство има 30 компјутерски томографи (КТ) уреди во 22 ЈЗУ, а во рамки на ревизијата се опфатени 11 ЈЗУ кои располагаат со 19 КТ уреди со вкупна набавна вредност од 14,5 милиони евра. Со извршената анализа на добиените податоци од ЈЗУ, регистарот на медицинска опрема и „Мој термин“, утврдено е дека побарувачката за КТ услуги е во постојан пораст. За дел од ЈЗУ, КТ уредите се користат со полн капацитет, но половина од нив се целосно амортизирани, што води до зголемени трошоци за одржување и чести дефекти, како што е случајот со КТ уредот во болницата во Струмица кој не функционираше речиси цела 2024 година. Дополнително, новите КТ уреди, набавени за обезбедување на подобра територијална распределеност на услугите, не секогаш се користат согласно капацитетот, а 2 КТ уреди во болниците во Тетово и Кочани не се ставени во употреба поради технички и кадровски проблеми. Се истакнува состојбата на користење на КТ уредите за итни и приоритетни услуги, што создава дополнителен притисок врз капацитетите и го зголемува ризикот од прекумерна изложеност на јонизирачко зрачење. Во поглед на објавувањето слободни термини за КТ услуги, само 3 од 22 ЈЗУ објавуваат број на термини кој е блиску до пропишаното, додека во 10 ЈЗУ термини се објавуваат значајно под пропишаните норми.

Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра. Во текот на тригодишниот период, реализирани се 6.457 снимања, со просек од околу 180 пациенти месечно. Снимањата се вршат со само еден ПЕТ/КТ скенер, со што не се користат целосно капацитетите на Циклотронот, кој може да произведе изотопи за поголем број снимања. Во текот на 2023 година, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Овие мамографи се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка. Утврдено е дека ваквата состојба се должи на потребата од набавка на дополнителна опрема, неутврдени референтни цени од Фондот за здравство и немањето на соодветно обучен персонал за овој вид услуги.

Ревизорите заклучуваат дека континуираното зголемување на побарувачката за здравствени услуги и новата медицинска опрема во ЈЗУ не е проследено со соодветно зголемување на бројот на здравствени работници, што резултира со преоптовареност на постојниот кадар и недоволна искористеност на опремата.

„И покрај зголемувањето на платите и вложувањата во едукација, бројот на специјалисти радиолози во ЈЗУ од 2021 до 2023 е намален од 88 на 79, а во Институтот за радиологија, од 30 на 23 специјалисти. Дополнително, Регистарот на здравствени работници не се води ажурно, што го отежнува планирањето на човечки ресурси. Преку спогодби меѓу установи се обезбедува повремен ангажман на кадар, но овој пристап не гарантира непрекината здравствена заштита. Соочено со сериозен дефицит, Министерството за здравство започна активности за итно вработување на 600 приватни специјализанти до крајот на 2025 година, од кои 69 се радиолози, со цел да се обезбеди континуитет и одржливост во давањето на здравствените услуги. Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот ‘Мој термин’, ревизијата утврди дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврск“, стои во извештајот.

Исто така, Држвниот завод за ревизија потенцира дека поради монополската позиција на овластените застапници за одржување и сервисирање за период од три години за дел од опремата трошоците се еквивалентни на вредноста на нова опрема од ист вид, како што е тоа случај со акцелераторите. Дел од КТ уредите и ангиографите, набавени пред повеќе од 10 години, често се расипуваат и не се во функција со месеци, па и со години.

Во дел од ЈЗУ е утврдено присуство на нефункционална медицинска опрема која, и покрај започнати постапки, сè уште не е дислоцирана ниту соодветно третирана како отпад, вклучително и опрема што содржи радиоактивни елементи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската
Следна Статија ТИРЗ: Турската компанија Џагатај Кабло ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството со изградба на нов објект

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Денеска пристигнала дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија

Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје стигна денеска, информираше министерот за…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија изведени четири операци на ‘рбетен столб кај деца со сколиоза кои биле на листата за во странство

Во спиналниот центар на клиниката за трауматологија при Клинички центар Скопје, минатата недела беа изведени четири операции на ‘рбетен столб…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

Две недели низ инсулинските аптеки во земјава има недостиг на одреден вид на инсулини и антидијабетна терапија. Пациентите се вознемирени…

April 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Јафа Црвенка“ повлекува од продажба одредени количини „Рум касато“ поради тврди шеќерни парчиња

Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „Рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење:…

February 22, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?