Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мемов: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мемов: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи
ПОЛИТИКА

Мемов: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

Објавено October 5, 2025 10:43
Сподели
Сподели

На денешната прес конференција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија посочи дека буквално пред кабинетот на градоначалникот, на само 30 метри од општината, се случува урбанистички криминал кој го гледаат сите жители на Центар, но за кој актуелниот Градоначалник и градежната
инспекција молчат.

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов рече дека пред очите на јавноста се уништуваат дрвја, се узурпираат тротоари и јавни површини, а приватниот интерес повторно е ставен над интересот на граѓаните.

„Сведоци сме на узурпација на јавен простор, уништување на зеленило изградба на дивоградби, токму пред очите на општината, без никаква
транспарентност. Затоа јавно го повикуваме актуелниот градоначалник Горан Герасимовски:

• Да ја објави целокупната документација поврзана со Хотел „Маџо“ – од барањето за градба и доградба на т.н. летна тераса, која всушност е
ресторан, преку сите акти за пренамена во хотелско сместување, до неговите лични потписи на одобренијата за доградба.

• Да излезе пред ЦЕНТАРЦИ и да покаже документи и аргументи за тоа како е дозволено да се догради аголот од објектот во парцела 22.1 и да се изврши целосна реконструкција на соседниот објект (парцела 22.10), додека јавни површини се користат за градежни активности и зеленилото се уништува“, рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Тој додаде дека фактите зборуваат и ситуацијата на терен е кристално јасна.

„Според ДУП „Дебар Маало 2“– градежна парцела 22.1 предвидува дворно место, а денес таму гледаме узурпација за угостителски намени со цврста градба. На парцелата 22.10 се изведуваат работи како целосна реконструкција – фасада, кров, внатрешност.Поставени се и надворешни
скали, и тоа на тротоар, кој е јавна површина. За време на овие интервенции исечени се две дрва и оштетен е косник од бандерата“, потенцира Мемов и запраша:

„Дали општинската градежна инспекција воопшто постапила по овој случај?
-Дали е извршен инспекциски надзор, и ако е – кои се заклучоците?
-Дали е издаден налог за стопирање на градежните работи и за санкции, или пак, градежната инспекција при општина Центар свесно молчи и дозволува објектот да расте пред очите на јавноста?
Господине градоначалник, како е можно вакви интервенции да се одвиваат пред вашиот кабинет, а општината да молчи“.

Портпаролот на Движењето ЗНАМ рече дека сето ова е доказ за соучесништво и за штитење на приватни интереси на сметка на јавниот простор. Мемоав наглси дека Центарци имаат право да ја знаат вистината и дека мора да се престане со молкот и со селективната правда.

„Доста е со политичка глума и манипулации. Горан Герасимовски, излези конечно пред граѓаните.
Дали ова е твоето ветување – јавен простор за приватни бизниси?
Дали ова е твојата визија – Центар без зеленило, без воздух, без иднина?
Ова е понижување за сите жители на Центар кои ти дадоа доверба, а години наназад добиваат бетон наместо парк, дивоградби наместо ред, корупција наместо правда“, рече Мемов и додаде дека граѓаните не се слепи.

„Граѓаните ЗНААТ и Центар ЗНАЕ. На 19 октомври граѓаните ќе изберат човек кој навистина ќе работи во интерес на Центар, за граѓаните, за нивните соседи, семејства и за зачувување на јавните простори и зеленило“, потенцира портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, рече Мемов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени
Следна Статија Биткоинот над 125.000 долари – нов историски рекорд на крипто пазарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети пензионерот Благоја Јошевски, корисник на услугата „Итно копче“.…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?