Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мемов: Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мемов: Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно
ЕКОНОМИЈА

Мемов: Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно

Објавено November 24, 2025 13:10
Сподели
Сподели

Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно, вели директорот на Фондот на ПИОМ Никола Мемов.

Мемов гостувајќи во магазинот „Трилинг“, одговори на повеќе прашања врзани со покачувањето и исплатата на пензиите, буџетот за наредната 2026 година и начините за подобрување на финансиската состојба и кондиција на Фондот и актуелната политичка ситуација во земјата.

Мемов, како што се наведува во соопштението од ПИОМ, нагласи дека кога се говори за пензискиот систем во Република Македонија, многу е битно да се биде прецизен.

-Мора да се прецизира на што се однесуваат трансферите што се прават од државата кон Пензискиот фонд. Вкупно за 2025 година планирани се исплати на трансфери од 53 милијарди денари или преведено во евра тоа се отприлика околу 862 милиони евра и тие транзициони трошоци, односно трансфери од владата кон ПИОМ, не се однесуваат само кон исплата на пензиите, туку се и однесуваат и на исплата за здравственото осигурување на пензионерите и за транзициони трошоци кон вториот столб. Така што буџетскиот дефицит во ПИОМ, односно во државата се однесува на овие три основни компоненти, рече тој.

На прашањето дали ќе има зголемување на пензиите во наредната година, Мемов рече дека зголемување на пензиите ќе има согласно законот што беше донесен оваа година и додаде дека во март 2026 година предвидено е зголемување на пензиите од 1 000 денари и исто така законското усогласување коешто треба да се направи во септември 2026, а коешто е предвидено помеѓу три и пет проценти.

Директорот на Фондот, Мемов на констатацијата дека линеарното зголемување на пензиите е можеби популизам, објасни дека „мерката за линеарно зголемување или усогласување на пензиите владата ја донесе на барање на пензионерите. Вкупниот буџет за усогласување на пензиите практично е ист. Разликата е во тоа што сите добиваат линеарно, а практично проекцијата на буџетот за 2025 за усогласувањето беше проектирана на 4%. Вкупниот буџет е ист што се подели кај пензионерите – во висина од 1 000 денари на секој пензионер линеарно и тој се однесува заради ублажување на ценовните шокови, инфлацијата, зголемувањето на платите“.

Запрашан дали кога зборува за ублажување на ценовните шокови, Мемов смета дека е доволно зголемувањето на пензиите од 1 000 или 2 000 денари, директорот на ПИОМ нагласи декеа вкупното зголемување на пензиите во изминатиот период е 25 проценти. Тој појасни дека во Македонија имаме социјално-солидарен систем.

-Разликите кај пензионерите, ова е мое лично размислување, кој колку уплаќал како придонес по основ на работниот стаж, разликите во уплатите завршуваат со денот на изготвувањето на решението за пензија. Вие сте уплаќале повеќе и имате поголема пензија на денот на пензионирањето, јас сум уплаќал помалку во Фондот и имам помала пензија. Ова зголемување на пензиите, односно усогласувањето се однесува на намалување на ценовниот шок, разликите во платите и инфлацијата. Инфлацијата или зголемувањето на цените се исти и за вас и за мене. Така што животниот стандард поскапува за сите пензионери подеднакво. Разликите остануваат во делот на денот на изготвувањето на решението за пензија и овој концепт, можам слободно да кажам, е исправен и праведен, затоа што концептот на пензискиот систем во Македонија е социјално-солидарен“, рече Мемов.

На прашњето во каква финансиска кондиција е ПИОМ денеска, затоа што дел од упатените велат дека ако вака продолжи пензии нема да има, директорот на Фондот категорично рече дека тоа не е точно.

 Во ондос на подобрувањето на финансиската состојба во Фондот, директорот Мемов, потенцира дека „ако сакате да знаете на кој начин може да се стабилизира финансиски ФПИОМ, тука мора да се земат предвид два фактора. Едниот фактор е – државата мора да обезбеди стабилен економски раст и отворање нови работни места, затоа што државата почива на пет основни столбови – политички систем, каде што е целата државна управа, правосуден систем, економски систем, реален бизнис сектор, безбедносен систем каде што влегуваат војска и полиција, здравствениот систем којшто го опфаќа целото население и пензискиот систем кој што опфаќа 2/3 од населението и скоро половина од буџетот што ги уплаќаме ние како осигуреници внатре во буџетот. Мора да се гледа големата слика. Големата слика вели – не може да се стабилизира еден од овие столбови без да има влијание еден помеѓу друг. Поврзани се. Стабилизацијата на пензискиот систем значи и стабилизација на здравствениот систем, значи стабилизација на економскиот систем. Не може вие да зголемите придонеси за пензиско осигурување без соработка со бизнис заедницата и со стопанските комори“.

Запрашан дали тоа значи дека во скора иднина не може да се очекува стабилизација на ПИОМ, директорот Мемов рече дека во Фоднот се етаблира отсекот за актуарство со помош и соработка на Светска банка и ќе се направат сите математички модели околу одржливоста на пензискиот систем на долг рок. Тој нагласи дека следната година ПИОМ ќе излезе со сериозна анализа до владата со насоките – во каква ситуација се наоѓа во моментот и кои се перспективите на овој модел, односно дали е тој одржлив на долг рок.

На прашањето во каква состојба во моментов се наоѓа ПИОМ, Мемов рече дека Фондот нема ниту една неплатена фактура кон економските добавувачи, исплатата на пензиите оди тековно и додаде „финансиската кондиција на на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во одлична состојба“.

Запрашан дали пензионерите ќе можат дополнително да работат директорот на ПИОМ, Мемов рече дека се размислува за тоа, а работодавачите се расположени да ангажираат пензионери коишто се од различни профили и се дефицитарен кадар.

– Законот овозможува за професорите и докторите да работат до 67 години, но ова повеќе е насочено кон приватниот сектор и работодавачите се расположени ова да го финансираат. Значи пензионерите да добиваат дополнителна плата. На таа плата да бидат плаќани придонеси коишто ќе дојдат на некоја си заедничка сметка во Фондот за пензиско, без да имаат било какво влијание понатаму на висината на пензијата, бидејќи придонесите се уплаќаат на лична сметка, на лично име, вели Мемов.

Запрашан дали е ПИОМ легло за партиски кадри, директорот на Фондот, Мемов рече дека од пет советници на директорот коишто се на ниво на државни советници, четворица од нив се декларирани поддржувачи на ДУИ.

-Во изминатиот период, кога дојдов минатата година во септември месец, наследив една ситуација каде што имавме дисбаланс на вработените во филијалите низ Македонија. Како пример – во филијалата Тетово во моментов имаме 55 вработени, што значи стопроцентна пополнетост на работните места по основ на систематизацијата. Слична е ситуацијата во Гостивар, Куманово, Дебар, Струга, а за разлика од нив, во Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци, Штип… имавме по пет до шест вработени. Значи ако земете предвид дека ДУИ 20 години управуваше со ПИОМ, одговорот на вашето прашање е – апсолутно да, истакна тој.

Директорот на Фондот, Мемов беше прашан и за ставот искажан по локалните избори дека ВЛЕН не допринеле доволно во поддршката на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје, при што нагласи дека тоа било негово лично мислење, а не на партијата ЗНАМ.

Тој рече дека како партија имаат конзистентни национални политики во државата и во владатаи имаат исклучителна соработка помеѓу владините партнери. Како што нагласи тој, таа соработка се покажлаа за време на локалните избори кадешто дале взаемна поддршка – секој партнер во соодветна општина кадешто можеше да помогне.

-Пример за тоа ни е Куманово. Учинокот на ЗНАМ, на ВЛЕН и на ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори значеше убедлива победа на владините партнери на овие избори. ЗНАМ на овие избори ги постигна зацртаните политички цели што ги имаше пред изборите. Тоа значеше победа во Куманово.Тоа значеше помеѓу 35 000 и 40 000 гласови на локалните избори во Република Македонија. Советнички места во над 45 општини и стабилизација на своето гласачко тело. Од друга страна, учинокот на ЗНАМ на овие избори, посебно во вториот круг на изборите, со нашата поддршка значеше победа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 10 општини, како а како издвоен градоначалник е градоначалникот на Општина Карпош. Така што секој од владините партнери го даде својот учинок во вкупната победа на владините партнери. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржаа кандидатите на ВЛЕН во Западна Македонија. ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржаа кандидатите на ЗНАМ во Куманово и во Центар, а ЗНАМ, таму каде што немаше свој кандидат, ги поддржа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите на ВЛЕН. Учинокот е на сите владини партнери и е подеднакво битен. Практично мојата лична изјава беше да се актуелизира ова прашање. Не беше насочена кон никој против, нагласи Мемов.

Тој посочи дека во јавноста непотребно се пласира перцепцијата дека има некаков интерен конфликт меѓу ЗНАМ и ВЛЕН и дека на ЗНАМ се препишува некаков предзнак на албанофобство.

-Само ќе ви дадам пример – шефот на Кабинет на директорот на ПИОМ и шефот на кабинет на градоначалникот на Куманово се Албанци. Наведете ми еден шеф на Кабинет на албански политичар во последните 30 години, каде што најдоверливиот човек, десната рака на функционерот бил од македонска провиниенција, рече директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов во интервјуто за магазинот „Трилинг“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nvidia: Историски успех и потенцијал за инвеститори
Следна Статија Paramount Skydance го води патот кон превземање на Warner Bros. Discovery

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кафето полека станува луксузна стока: Цената се зголемува, продажбата во опаѓање

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека…

December 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата за храна во акција: За три дена казнети 22 маркети во вредност од 40.000 евра

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за…

January 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели Димитриеска Кочоска за солидарниот данок

Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка Десет години успешна стратешка соработка меѓу Филип Морис…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?