Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: НАИ се распушта по избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: НАИ се распушта по избори
ПОЛИТИКА

Меџити: НАИ се распушта по избори

Објавено October 30, 2025 11:30
Сподели
Сподели

Еден од лидерите на ВЛЕН и новоизбран градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, ќе биде распуштена по локалните избори и дека во редовите на интегративците следуваат структурни промени. Меџити, кој го порази Бујар Османи од НАИ уште во првиот изборен круг, ова го кажа во гостување на ТВ 21, коментирајќи ги политичките текови во албанскиот блок по изборите.

Тој изјави дека во ДУИ и НАИ очекувале да придобијат дел од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од ВЛЕН, но дека резултатите од првиот круг покажале спротивно.

„Со заминувањето на Таравари пред шест месеци, мислеа дека имаат 90 отсто од гласачкото тело. Но, лидерите може да си заминат, членството останува. Тоа и се докажа. Тие не го очекуваа овој резултат и сега не станува збор за чувство на пораз, туку за чувство на загубена надеж. Очекувам НАИ да се распушти и да се создадат нови движења,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека дел од гласачите на НАИ веќе воспоставиле комуникација со ВЛЕН, со цел да му се приклучат на ова движење. „Добар дел од нив почнуваат да се движат кон ВЛЕН. Постојат комуникации,“ нагласи тој.

Во однос на шпекулациите дека лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, би можел да се приклучи на Владата, Меџити рече дека не ја исклучува таа можност.

„Не го негирам тоа. Можно е. Политичката сцена кај Албанците стана многу измешана, се случија турбуленции и мислам дека ќе има уште,“ изјави Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар
Следна Статија Рис качен на дрво снимен во шума во кичевско (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција најави дека СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Имрлијe…

March 14, 2025
ПОЛИТИКА

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов се огласи на социјалните мрежи откако, како што вели, новинарот Драган Павловиќ-Латас упатил критики…

June 30, 2025
ПОЛИТИКА

Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот…

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

Александар Мечка Инфомакс на координација со Заев (ВИДЕО)

Додека во Македонија трае седумдневна жалост за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, поранешниот премиер Зоран Заев не…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?