Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Микробиологот Пановски до министерот Клековски: Прогласете епидемија во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Микробиологот Пановски до министерот Клековски: Прогласете епидемија во Гостивар
ЗДРАВЈЕ

Микробиологот Пановски до министерот Клековски: Прогласете епидемија во Гостивар

Објавено July 19, 2026 10:45
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Сашо Клековски, вчера рече дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. Познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски, бара да се направи токму спроитвното – да се прогласи епидемија во градот. Тој упати сериозни критики до епидемиолошките служби и ги повика неговите колеги на професионална одговорност.

„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град оболеле 30 проценти од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија. Епа браво“, напиша Пановски.

Тој ги повика епидемиолозите да реагираат, нагласувајќи дека станува збор за професионална, а не политичка обврска.

„Епидемиолози, каде сте? Ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“, порача Пановски.

Клековски при посетата на болницата во Гостивар рече дека повеќе институции спроведуваат епидемиолошки анкети и лабораториски анализи за да се утврди дали причинителот е поврзан со бактерии, вируси, паразити, тешки метали или друг извор. Се земаат и копрокултури, а резултатите од анализите на водата се очекуваат од понеделник.

Клековски апелираше граѓаните да соработуваат со епидемиолошките служби, посочувајќи дека досега се направени само 18 епидемиолошки анкети и се земени недоволен број копрокултури за да може да се утврди причинителот на заболувањата.

Клековски нагласи дека причината не треба да ја утврдуваат политичари или претставници на јавни претпријатија, туку епидемиолозите. Во однос на тврдењата на директорката на ЈП „Комуналец“, дека храната е можен извор на заразата, тој рече дека, според него, тоа е малку веројатно, бидејќи случаите траат веќе четири дена и зафаќаат голем број луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Корисниците пријавуваат проблеми со „Фејсбук“, профилите се привремено недостапни
Следна Статија (ВИДЕО) Браќата Ендру и Тристан Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница, констатирале ДСЗИ и стручната комисија на Министерството за здравство

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари…

February 20, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?

Коалицијата ВРЕДИ упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги…

July 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење

Пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови, каде што пристап имаат исклучиво регистрирани членови кои плаќаат членарина –…

July 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати и регулирање на нивниот работен однос. Некои од…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?