Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

Објавено March 11, 2025 17:13
Сподели
Сподели

„Тие што сметаат дека никој не носи одговорност и дека не смее да се покрене интерпелација за избраните членови на Судски совет треба да разберат дека Македонија е парламентарна демократија, не е монархија“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната пленарна седница во Собранието.

Милошоски посочи дека не може да се очекува некаков придонес од член на Судски совет кој не ги почитува законите.

„Ако еден член на Судскиот совет не ги почитува законите кои се однесуваат на работата на Судскиот совет тогаш како можеме да очекуваме дека таквиот член ќе даде придонес за зголемување на довербата во правосудството во Република Македонија кое е на историски најниско ниво“, вели Милошоски.

Милошоски продолжи и додаде:

„Гласањето за интерпелација на членот на Судскиот совет Селим Адеми е гласање за кадровска реформа во Судскиот совет. Ние, мораме да направиме тоа што е во наша надлежност, да го зголемиме интегритетот на оваа институција коишто членови како Селим Адеми и Весна Дамева ја руинираа таа институција и ја сведоа на најниско можно ниво по рејтинг и во јавноста и помеѓу судиите“, рече Милошоски.

Милошоски потенцираше дека после изгласаните интерпелации би било демократски зрело членовите на Судски совет да си поднесат оставки.

„Затоа сметам дека на овој начин Собранието ќе го даде својот реформски придонес за корекција на работењето на Судскиот совет, а доколку членовите на Судскиот совет кои се повикуваат тука на Устав, на закон и на демократски механизми, доколку тие како Селим Адеми, Весна Дамева имаат демократски капацитет, после изгласана недоверба од 70 или 77 пратеници во Собранието треба да се свесни дека немаат легитимитет да учествуваат во работата и да носат одлуки во Судскиот совет, би било од нивна страна демократски зрело да си поднесат оставки и со тоа да дадат барем мал скромен придонес за покривање на оние незаконитости коишто ги направија во изминатите неколку години“, заклучи Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарија: Прекината ни е испораката на нафта по украинскиот напад на Русија
Следна Статија Како бугарскиот фашистички окупатор ги депортираше македонските Евреи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Воздушниот простор затворен до понеделник – единаесет македонски државјани побарале евакуација од Израел

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел. Согласно последните информации,…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нови 600 вработувања во МВР

Во МВР потребен е човечки кадровен потенцијал и можам да објавам дека веќе овој месец се планирани нови 600 вработувања,…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ 

Магдалена Алексовска дипломира на колеџот „Вагнер“ во Њујорк, САД, и за кратко време успеа да ја добие работата од своите…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?