Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски

Објавено February 15, 2025 09:10
Сподели
Сподели

Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски, објави Антонио Милошоски на стојот фејсбук профил.

„Георгиев беше судија во Врховниот суд, Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Дејствувале како тандем и наместо да раздаваат правда, тие продавале правда за пари. Продавале минимална затворска казна во замена за договорени 35.000€, за кривично дело недозволено производство и трговија на дрога. Парите од синот на клиентот ги земале во кеш. Ги фатија заради агилноста на новиот министер за внатрешни работи, а има индиции дека слична трговија “кеш за правда” направиле и претходно, со истиот клиент, но во друга конвертибилна валута.

Покрај шокот кај медиумите како за овој обвинитеско-судски тандем владеел кешот, наместо да владее правото, јавноста беше фрапирана и од леснотијата со која јавното обвинителство на чело со Коцевски потпиша скандалозно лесна спогодба со овие двајца криминалци. За судијата Георгиев казна од три години затвор (а според КЗ чл. 359, за примање награда за противзаконито влијание му се запретени од 1 до 10 години затвор), а Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители, доби само условна казна, иако законот запретува со затвор од 1 до 5 години.

Спогодбата со Мемети и Георгиев е скандалозна од неколку причини, а одговорноста за тоа е на товар на јавниот обвинител Коцевски.

Прво, пари за местење на пресуди не примиле ниту возачот во Врховниот суд, ниту портирот во Советот на јавни обвинители, туку двајца истакнати членови на овие правосудни установи, со големо влијание, со дводецениско искуство во правните работи и пред се функционери кои биле надлежни, одговорни и примале плата за совесно да го спроведуваат законот. Спогодбата која со амин на Коцевски е потпишана со овој судско-обвинителски крими тандем е лоша јавна поука за другите обвинители и судии, и го поткопува принципот на правични санкции што треба да спречат идни општествено-штетни дејствија во оваа фела.

Второ, државниот обвинител Коцевски и Иџет Мемети се познаваат долги години, а во времето на истрагата за стореното кривично дело заедно беа колеги, односно и двајцата беа членови во Советот на јавни обвинители. И бидејќи секоја можна спогодба за сторен криминал во предмет од интерес за јавноста се реферира пред државниот јавен обвинител, во овој случај Коцевски како колега на Иџет Мемети, требало заради објективна пристрасност да се изземе од предметот.

Трето, сериозно е прашањето зошто ЈО Коцевски не побарал Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал до судот да предложи мерка оддалечување од работа за веќе обвинетиот Иџет Мемети? И дали Коцевски знаел или можел да знае дека осомничениот Мемети токму во тој периот од човек од обвинителството добил навремена пријателска порака да го смени мобилниот апарат пред да му се изврши претрес?

И на крајот, една правничка дилема. Зошто обвинетите Иџет Мемети и Наќе Геориев во настанот не се поврзани како соизвршители, иако е очигледно дека во наплатата на “кеш за правда” делувале во тандем? Во настанот Мемети ја користел својата позиција како потпретседател на Советот на јавните обвинители и интервенирал за клиентот да биде донесена одлука од јавен обвнител, за разлика од Наќе Горгиев, судија во Врховен суд, кој во делото немал такви надлежности кон обвинителството, освен што го знаел лично оштетениот и со него ја договорил паричната награда. Оштениот знаел дека целата работа ја вршат двајцата обвинети, што лично му било потврдено од Иџет Мемети, но сепак од страна на обвинителството Мемети бил привилигиран, бидејќи за него е искористен е член 359 став 3 и став 2 од КЗ (со предвидена максимална казна до 5 години затвор), а тоа што биле блиски колеги со Коцевски е единствената “логика” тој да не одговра по ставот 7 од чл.359, во кој за примена парична награда казната е до десет години затвор. Значи има голема разлика во примената на правото кога обвинетиот му е колега и пријател на обвинителот Коцевски.

Сума сумарум, контроверзната спогодба и прениските санкции за крими тандемот Мемети-Георгиев, а аминувана лично од државниот обвинител, е еклатантен пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски. По се изгледа дека рушителите на репутацијата на ЈО не се надворешни актери, туку се внатре во самото обвинителство. Заради овој случај, но и неколку други, истиот треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од Собранието“, потенцира во објавата Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВАДА бара Јаник Синер да биде суспендиран
Следна Статија „OpenAI“ ја одби понудата на Маск од над 97 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен

 Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек

Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?