Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата
ПОЛИТИКА

Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата

Објавено December 7, 2025 14:07
Сподели
Сподели

„Дозволете ми денес да истакнам дека на вчерашниот Конгрес во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ ја усвои стратегијата „Ново поглавје –Македонија 2030“, тоа значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија. Стратегијата се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на краткорочни одлуки и да воведе долгорочен план и систем за управување, а тоа се создава преку институции со силен интегритет, конкурентна економија и општество засновано на вредности и национална самодоверба“, изјави на денешната прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Документот ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила подготвена да ја преземе одговорноста и улогата за ова државничко лидерство. И ова се разбира не е список на политички кампањски предизборни желби, туку е документ со јасни цели коишто би биле национална траекторија во следните 10-15 години.

Клучната амбиција е оваа Стратегија Македонија до 2030 година да стане земја што создава стабилност, економска додадена вредност и институционална зрелост, со национален идентитет што се почитува, а не се условува дневно политички.

Стратешката рамка за 2025–2030 ги содржи шесте клучни стожери што ќе водат развој на државата.

Прво, државната безбедност. Тоа значи модерна армија, современа полиција, национална сајбер-заштита и систем за справување со хибридни закани. Безбедноста е нашата основа и АРМ и МВР мора да бидат максимално подготвени за овој предизвик.

Второ е економската конкурентност. Тоа значи напуштање на моделот на евтина работна сила и создавање на конкурентна економија заснована на знаење, на додадена вредност и технолошки иновации. Се разбира мораме да имаме поддршка за домашните компании, стабилен даночен систем, зелена енергетска транзиција и повторно создавање на услови за странски инвестиции.

Трето, правна држава. Целта е да имаме независно судство, департизирано обвинителство, професионална администрација и системска борба против корупцијата преку дигитализирана контрола на движењето на парите и на имотните прашања.

Четврто, демографските политики. Потребна е вистинска поддршка за младите, станбени програми, политики за поврат на дијаспората, достоинствена грижа за постарите лица. За да можеме преку една стабилна популациона политика, во Македонија да имаме секогаш доволен ресурс во луѓе за да можеме да ја развиваме и економијата и државата.

Петто, европска интеграција и надворешната политика. Партнерства со јасни црвени линии ни се најбитен дел, затоа што ние како политичка партија сме определени за Европската Унија како еднаков партнер, без дополнителни билатерални условувања кои што би го допирале идентитетот или националната самобитност на македонскиот народ и да државата.

И шесто, образованието, културата и идентитетот. Мора да вложуваме во модерни програми, дигитален дел, да речам, на културата, исто така, и на образованието, поддршка за науката, заштита на македонскиот јазик и неговата промоција. Бидејќи без силна култура и образование не би имале толку силно општество, и промоција на нашите одлики во европско ниво.

Дополнително, стратегијата носи нови теми што ја подготвуваат Македонија за иднината и оваа национална стратегија обрнува внимание и вештачка интелигенција како еден нов дел од технолошкиот натпревар, не само во Европа, туку и на глобално ниво. Имаме стратегија за сајбер-безбедност, стратегија за една геоекономска дипломатија, што ќе ја поврзе и дипломатијата со геополитичките поместувања во последниве неколку години. Исто така и основање на Фонд за иднината, односно државен инвестициски инструмент којшто ќе поддржува технологии, иновации, истражување и вештачка интелигенција, за да може Македонија да биде поконкурентна со партнерите во регионот, но исто така и на европско ниво.

Почитувани новинари, почитувани граѓани,

Нашата визија за Македонија 2030 година е јасна. Тоа е држава која што има брза и растечка економија, држава со институции кои што имаат интегритет, има функционална демократија, држава со европски идентитет и национална самобитност како дел од европскиот мозаик и држава што инвестира во знаење, во култура и во генерациите што доаѓаат.

Ова е повик за ново поглавје на стабилност, развој на Македонија и државничко водство. Македонија може и мора многу повеќе. Македонија треба да си ја врати својата самодоверба со работа и со дела. И време е државата да продолжи да се гради, таква каква што граѓаните ја заслужуваат, изјави Милошоски на денешната прес-конференција..

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Кузеска: Кој ќе се извинува сега Томовски?
Следна Статија Декември со високи температури и густа магла во котлините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е целосно декласиран, да си даде оставка, го изгуби бастионот Струмица, а во Скопје не успеа да влезе ниту во втор круг

„СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл. СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ, граѓаните плаќаат скапа струја

Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, за Град Скопје нема

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави 19 кандидати за градоначалници. Општина Центар, Горан Герасимовски Општина Аеродром, доктор…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?