Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минималната синдикална кошничка за еден месец се зголемила за 969 денари и изнесува 67 382 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минималната синдикална кошничка за еден месец се зголемила за 969 денари и изнесува 67 382 денари
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошничка за еден месец се зголемила за 969 денари и изнесува 67 382 денари

Објавено February 20, 2026 16:58
Сподели
Сподели

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 67 382 денари. Тоа, како што објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), е зголемување на минималната синдикална кошничка за 969 денари во споредба со претходниот месец.

Според пресметките на ССМ, во февруари едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 25 156 денари, а за таа намена претходниот месец биле потребни 24 211 денари.

За облека и обувки 5 992 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6 338 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2 665 денари, за здравје 1 185 денари и за транспорт 4 615 денари.

За комуникација на едно четиричлено семејство во февруари му биле неопходни 3 417 денари од вкупниот износ на минималната кошничка, за рекреација и култура 5 592 денари, за образование 7 192 денари, за ресторани и хотели 4 130 денари, а за останати стоки и услуги 1 100 денари.

Пресметките на ССМ покажуваат дека на оние семејства што живеат во стан под кирија потребни им се дополнителни 21 713 денари.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, вели дека за два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата што треба да биде во март е изедено со растот на минималната синдикална кошничка.

„За само два месеца, едно семејство е посиромашно за две илјади денари. За 24 месеци, односно околу колку што одбиваа да ја зголемат минималната плата, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10 000 денари и затоа наместо да се расправаат врз грбот на работниците и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат минималната плата, која треба да изнесува 600 евра и да ги зголемат сите други плати за најмалку 6 000 денари“,вели Трендафилов во видеоизјава објавена на својот фејсбук-профил.

Синдикалната минимална кошничка во однос на февруари минатата година е зголемена за 3 609 денари.

Од податоците за синдикалната минимална кошничка за изминатите години, а кои се објавени на веб-страницата на Сојузот на синдикати на Македонија, може да се види дека на едно четиричлено семејство во февруари 2024 година му биле потребни 57 476 денари за да си ги обезбеди основните потреби.

Претходната година, исто така во февруари, биле потребни 50 909 денари, додека во 2022 година за да си ги обезбеди основните потреби на едно четиричлено семејство му требале 36 146 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 20-годишник од Мала Речица под истрага за тероризам, определен 30 дневен притвор
Следна Статија Просечната нето-плата во декември 46.889 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриевска Кочовска: Обезбедивме 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата во јануари

Петстотини милиони евра поволни средства се обезбедија од унгарската Експорт-импорт банка за редовно и целосно сервисирање на обврските коишто доспеваат…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните…

March 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бидовме отпуштени, и тоа го прифаќаме – како да најдете нова работа што ви одговара

Јануари е природно време за размислување за кариерата. Ако барате нова работа, ето четири начини кои ќе ви помогнат.

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Фирми за токенизација ги одбиваат тврдењата на Coinbase за криптографскиот законски предлог

Додека Coinbase тврди дека предлог-законот за структура на криптопазарот ќе забрани токенизирани хартии од вредност, компаниите во таа област велат…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?