Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Минчев до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви
ПОЛИТИКА

Минчев до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви

Објавено August 10, 2025 17:36
Сподели
Сподели

Зоран Дамјановски – Циц е последниот кој има право било кого да обвинува за лукративни мотиви. Нека објасни – од каков зорт во 2009 година го напушти СДСМ и премина во друга партија? Дали тогаш желбата за уште еден градоначалнички мандат му беше посилна од „љубовта“ кон СДСМ?, реагира министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Што се однесува до тоа дали се нудел на ЗНАМ – ќе се воздржам од коментар од почит кон едни други времиња.

П.С. Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница!

П.С.2 – Не го мешај Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш! Ако можеше ти да бидеш три мандата градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно!

П.С.3 – Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски.

Друже Циц, граѓаните на Куманово заслужуваат чесност, посветеност и вистинска грижа, а не политички манипулации и калкулации. Времето на старите политички трикови заврши!, вели Минчев во својатата реакција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, да држи лекции за демократија
Следна Статија Драстично опаѓа бројот на новороденчиња во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Фон Дер Лајен: Посветени сме на европскиот пат, но очекуваме да не се соочуваме со барања спротивни на вредностите на ЕУ

Остануваме посветени на патот кон полноправно членство во ЕУ, но очекуваме ЕУ да ги уважи легитимните барања на граѓаните дека…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ: Османи пред граѓанските организации ги презентираше механизмите за заштита од корупција

Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски. Само СДС не се отргна од…

January 18, 2025
ПОЛИТИКА

АА на Таравари со свои листи за советници, остануваат во коалицијата „Вреди“ и Владата

Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата одлучи на претстојните локални…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?