Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани

Објавено March 22, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа едночасовен мирен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените.

На собирот немаше официјален говор, а присутните истакнаа дека се организирале спонатано, со повик преку социјалните мрежи. Со пораки испишани на транспаренти, тие порачаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај.

– Сите загинати и повредени ги чувствуваме како наши деца. Со длабока болка тагуваме поради несреќата што се случи и им даваме поддршка на нивните родители и блиски да имаат сила да го издржат сето ова. Очекуваме целосно разоткривање на причините и виновниците кои ја предизвикаа оваа страшна трагедија и градот го завија во црно. Истовремено, се молиме повредените дечиња што побрзо да закрепнат и да се вратат дома, истакна Марин Стојанов, учесник на собирот.

Граѓаните повторно им дадоа поддршка и на лицата од обезбедувањето во дискотеката, кои ги извлекувале и спасувале младите, а наместо да се лекуваат од повредите, тие се осомничени и се наоѓаат во притвор.

Собирот заврши со мирен марш по улиците во централното градско подрачје на Кочани, а граѓаните порачаа дека ќе продолжат да се собираат и во наредните денови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милевски: Најважно ни беше да победиме
Следна Статија Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Празијада во селото Градошорци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на Празијадата во селото Градошорци, Општина Василево. Ова е настан кој веќе традиционално го собира…

November 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа СНЕГ- УХМР со најнова прогноза

Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, информираат од Владата за МИА. По…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?