Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата

Објавено February 17, 2026 09:55
Сподели
Сподели

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок.

Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме конкурсите, се надевам веќе во пролетниот рок што доаѓа, што повеќе луѓе да влезат, да се натпреваруваат меѓу себе и да бидат дел од Министерството за одбрана, односно од Армијата – рече Мисајловски.

Тој истакна дека интересот кај младите постои и дека офицерскиот кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Мисајловски додаде дека со зголемувањето на буџетот за одбрана ќе се создадат услови и за подобрување на статусот и примањата на припадниците на Армијата.

Минатата година, од јануари, сите вработени во Министерството добија 30 отсто зголемување на нивните плати. Кога ќе се зголемува буџетот на Министерството, се разбира дека ќе гледаме и кадарот да биде подобро платен, и тоа можам да го ветам – рече Мисајловски.

Министерот, исто така, најави дека набрзо ќе има решение со кое би се задржале војниците кои што ќе наполнат 45 години, за да можат да продолжат да го даваат нивниот придонес во Армијата.

Има иницијативи како да се задржат сите војници што ќе наполнат 45 години. Мислам дека набрзо ќе има решение, со кое ќе бидат сите задоволени, како да ги задржиме сите војници во Армијата, за да можат дополнително да дадат придонес – рече Мисајловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали XRP е на пат да стигне до 1 долар?
Следна Статија Враќање на Кралството: Нов трејлер открива алхемичарот во иновативна хибридна игра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Албанија со потерница го бара почесниот конзул на Македонија во Турција и еден од сопствениците на „Санте плус”

Властите во Албанија со меѓународна потерница го бараат Билал Кара, еден од сопствениците на групацијата ,,Санте плус” која има своја…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не прифаќаме зголемување на платите на судиите и обвинителите, имаат само 2 отсто доверба!

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува обвинителите и судиите во Македонија да имаат поголеми плати, нешто што го бара ЕУ,…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?, праша…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?