Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО

Објавено June 30, 2025 22:15
Сподели
Сподели

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека се реазгледува идеја за создавање државна програма што ќе ги поддржува македонските млади инженери кои развиваат наменски технологии, дронови, со директна финансиска и логистичка помош од Министерството или други институции.

Македонија, кажа  Мисајловски вечерва во интервју за „360 степени“ на јавниот сервис, има реална шанса да влезе на мапата на земји што развиваат наменска индустрија, но за тоа се потребни политичка волја, реформи и државна поддршка.

-Ние моментално имаме една компанија што сериозно вложува во наменското производство. Таа компанија е АТС АММО, во Македонски Брод. Тоа е започнато од претходната власт, сега се проширува, сака нови капацитети. Но е една, вели Мисајловски.

Станува збор за поранешната фабрика „Самоков“, која произведува различни видови муниција. Најави дека наскоро ќе ја посети лично, а во меѓувреме имал можност да се сретне со претставници на компанијата и во Хаг. Но, за вистински развој на индустријата, потребни се повеќе такви капацитети – не само фабрики, туку и стартапи, истражувачки тимови и млади инженери кои ќе бидат поддржани од државата.

– Ако ние имаме повеќе вакви компании да произведуваат оружје, да има стартап-бизниси кои можеме да ги поддржуваме или да отворат капацитети за каков било дел од таа воена индустрија или наменска индустрија – тоа се нови работни места, добро платена работа, но и големо влијание во НАТО, смета Мисајловски.

Тој наведува примери од земји членки на Алијансата кои преку буџетски линии директно субвенционираат развој на технологии, финансираат истражувања преку факултети или директно вложуваат во приватни компании.

-Дел од државите во својот буџет имаат директни средства каде што директно со компаниите прават еден вид јавно-приватно партнерство. Тука треба да се сменат закони итн. Но, има и многу земји каде што директно имаат право да вложат во компаниите, вели министерот Мисајловски и појасни дека според сегашната законска рамка во Македонија не може директно да се инвестира во приватни воени капацитети. Но, псочува, има конкретен интерес од странски компании.

– Директно ќе ви кажам дека неколку компании се заинтересирани да инвестираат. Различен тип компании. Странски компании коишто гледаат да најдат партнери тука, рече Мисајловски.

Според него, една компанија со која преговара Владата е сериозно заинтересирана да направи голем капацитет за производство на барут. Други компании, вели тој, разгледуваат опции за производство на одредени компоненти, делови, па дури и цели платформи за дронови. Ова, потенцира, се можности што не треба да се пропуштат. Но, вели, сите инвеститори, очекуваат една работа – некаква помош, некакви субвенции – на кој било начин да се помогне.

Една од идеите што се разгледува е создавање државна програма што ќе ги поддржува македонските млади инженери кои развиваат наменски технологии, дронови, со директна финансиска и логистичка помош од Министерството или други институции

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања
Следна Статија Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вевчанци: ДУИ со мувата на капата

Вевчани остро ги осудува обвинувањата од партијата ДУИ за маската која привлече внимание на Вевчанскиот карневал, нарекувајќи ги целосно неосновани…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Муртезани склучи договор со „Арберија Дизајн“, фирма која ја обвинуваше за криминални тендери ДУИ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпишал договор за соработка со компанијата „АРБЕРИЈА-ДИЗАЈН ДООЕЛ“ од Тетово која во минатото беше…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово шести најзагаден град во светот

Скопјани и утрово дишат загаден воздух. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа, а…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?