Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни
МАКЕДОНИЈА

Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни

Објавено May 27, 2025 16:34
Сподели
Сподели

После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и покачувања на платите, следува нова мерка во образованието која сега фокус става на науката. Конечно, со денешната одлука на Владата за усвојување на измената на Програмата за научно – истражувачка дејност за 2025 година за прв пат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни за сите државни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Факултетите, научниците и младите, како што посочи Митева, ќе можат да ги користат овие реномирани научни бази бесплатно.

Со ова, најпрестижните списанија и трудови стануваат достапни за сите. Министерството за образование и наука ја презема оваа одговорност и ќе го обезбеди пристапот. Ова отвара можност за конечен напредок и конкурентност во науката. додаде таа.

Владата на денешната 77 седница усвоила два клучни закони кои се дел од реформската агенда чиј рок за донесување е јуни 2025 година.

Митева појсани дека станува збор за Законот за електронски комуникации и Закон за безбедносни мрежи и информациски системи или поконкретно за прв пат се носи закон посветен на сајбер безбедноста. Ова, како што посочува таа, се два клучни реформски закони кои покажуваат дека Владата отвара ново поглавје во дигиталната трансформација на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) На Крит како во Сахара, песок го покри познатиот остров, небото целосно ја промени бојата
Следна Статија Омерагиќ откри новитети во ПМФЛ – ВАР ќе биде ставен во употреба, ТВ преноси од сите натпревари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лидерот на СНС во Охрид се сретна со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа

Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, бил во посета на Охрид, каде се…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа ги отфрли обвинувањата дека…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?