Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи, преку повици за дестабилизација и сценарија и било како да наштетат на овој процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи, преку повици за дестабилизација и сценарија и било како да наштетат на овој процес
МАКЕДОНИЈА

Митева: Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи, преку повици за дестабилизација и сценарија и било како да наштетат на овој процес

Објавено March 23, 2025 13:52
Сподели
Сподели

Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна, порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи.

Митева апелираше да не се шпекулира и со невистини и манипулативни наративи да се злоупотребува трагедијата во Кочани затоа што, рече, има опсежна истрага во која се опфатени и приведени 34 лица и таа се уште не е завршена.

-Мора да дозволиме органите на прогонот да си ја завршат истрагата – темелно и правично. Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи – преку повици за дестабилизација и различни сценарија и било како да наштетат на овој процес. Од ова мора сите да излеземе посилни, со испорачана правда. Оваа влада беше избрана за да го прекине кругот на рамнодушноста, да ја обнови довербата онаму каде што беше изгубена и да се погрижи ниту една иднина да не се обликува од грешките на минатото. Нема да прифатиме изговори кои премногу често ги оставаа граѓаните незаштитени. Онаму каде што другите молчеле, ние ќе дејствуваме. Во овој момент на тага, стоиме заедно со погодените семејства и ветуваме итни мерки. Нашата заложба е јасна – правда за погодените, транспарентност во секој чекор и итни реформи кои ќе обезбедат ова никогаш да не се повтори, истакна Митева. 

Портпаролката Венера Љатифи-Азизи рече дека трагичниот настан „не трогна сите соединувајќи не во длабока болка и тага што ги надминува зборовите“.

Ги соопшти сите преземени чекори од Владата да им се помогне на семејствата на повредените, трошоците што ги покрива, најави дека од утре ќе почне исплатата на средствата за помош од Црвениот крст и дека „истрагата ќе продолжи со невиден интензитет“. Укажа и на помошта од меѓународните партнери и солидарноста која, рече, не познава граници. 

-И додека денес е последниот ден од националната жалост, посветеноста и ангажирањето на Владата да ги поддржи директно погодените и да ја открие вистината за оваа трагедија ќе продолжи со невиден интензитет… Истрагата за овој трагичен настан продолжува со целосна посветеност и голем ангажман од сите одговорни институции. Владата е решена да ја обелодени вистината и да се погрижи сите кои се одговорни да одговараат за своите постапки. Никој нема да може да се сокрие и правдата ќе биде задоволена… Во оваа голема болка не сте сами, државата ќе стои покрај вас – не само денеска, туку до крајот на овој процес, во кој ќе расветлиме буквално се, истакна Љатифи-Азизи. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени 17 лица – не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост
Следна Статија Македонија е со најниска просечна плата во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени

На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заменик претседателката на СДСМ добила повеќе од еден милион долари oд УСАИД во периодот на Шарената револуција

Фани Каранфиловска Пановска како извршна директорка на Фондацијата отворено општество во 2016 година добила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191546 американски долари.…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Внимателно во шумите ќе се фрлаат вакцини против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство започна втора овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивори против беснило, со…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?