Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија
МАКЕДОНИЈА

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Објавено July 13, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Дебарско-кичевската епархија доби нов митрополит. Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, денеска со Божествена литургија со која чиноначалствуваше aрхиепскопот oхридски и македонски г.г. Стефан, архимандритот Георгиј беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија.

Новоназначениот митрополит пред членовите на Светиот синод на Македонската православна црква, свештенството и верниците меѓу другото се завети дека работа според каноните на Светата црква, со најголема послушност ќе извршува она што му е заповедано имајќи ги предвид секогаш вистината и правдата.

-Сето тоа ќе го правам според мојата совест, без да робувам на лицемерноста и да бидам роб на страстите, но секогаш ќе го имам на ум единствениот Божји суд, со искрена љубов кон Бога и кон ближните…Се заколнувам со живиот Бог дека секогаш ќе ги имам на ум неговите зборови – проколнат да биде секој онај што нема да го извршува Божјото дело. И дека во сите работи поврзани со мојот позив како со дела Божји нема да бидам мрзлив туку ќе бидам вреден и ќе работам со сите мои сили…рече меѓу другото митрополитот Георгиј.

Архиепскопот oхридски и македонски г.г. Стефан истакна дека „сите досегашни охридски светила со своите животи покажале оти епископот не е управител на земна институција, туку жртва светаденица која се принесува себе си за својот народ, дека е сведок за вечната вистина, татко на малите, глас на безгласните, дека е личност чија света должност е да го направи својот народ причесник божји“.

-Денеска добивме архиереј достоен на своите претци, пастир кој, како што некогаш Елисеј го беше зел кожувот на Илија за да ја продолжи на неговата служба, и тој ќе ги земе на себе добродетелите од своте блаженоупокоени претци и ќе го продолжи нивното свето село, рече г.г. Стефан.

Митрополитот Георгиј дојде на упразнетото место во Дебарско-кичевската епархија по упокојувањето на митрополитот Тимотеј во ноември минатата година.

Отец Георгиј беше единствен кандидат за таа висока црковна позиција, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Отец Георгиј, поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.

Митрополитот Георгиј е роден во Скопје во 1968 година. Завршил богословски студии во Скопје, а магистрирал и докторирал во Рим, на Папскиот универзитет „Грегоријана“. Има богато академско и црковно искуство, вклучувајќи и дипломатска служба како амбасадор на Македонија при Светата Столица. Автор е на неколку книги и научни трудови, а активно учествува во преведувачки и издавачки проекти на Светото писмо. 

На хиротонисувањето во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид присуствуваа голем број црковнослужители, владици од целата земја, и верници, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за трансорт Александар Николовски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти
Следна Статија Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја поздрави донацијата од 305 уреди за прочистување на воздухот, во вредност од еден милион евра: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Намален бројот на основци и средношколци во 2024/2025 споредено со претходната учебна година

На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180 627 ученици, што е намалување за…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?