Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник

Објавено June 17, 2025 22:34
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и притисоци, се бореше за свој идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека тоа се темели изградени со човечки страдања, со крикот на илинденците и победата на АСНОМ-ците, со заветот на комитите и војводите, со плејадата мажи и жени кои гинеле за нашата слобода, кои поразите ги надминувале со пркост, а до победите доаѓале со надеж и непобедлива волја, порача вечерва од Хераклеја премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во обраќањето по повод јубилејот – 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски напомена дека овој ден не е само празник, туку е и повик на одговорност, повик на надеж и заедништво.

-ВМРО-ДПМНЕ е легитимен и идеолошки наследник на ВМРО. Она што оваа партија ја разликува од другите е нејзината непоколеблива вера во народот, во неговите вредности и во правдата како наш најсилен стожер. И затоа овие бели и мудри глави кои денес се заедно со нас, но и многумина кои веќе не се со нас, но чие дело го паметиме, ја потврдуваат историската грамадност на оваа организација која постела, постои и ќе продолжи да постои за нашата единствена и најголема кауза – Македонија, потенцира Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Таа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда, партија која стои на темели на храброст, достоинство, родољубие и чесност, партија во чии штабови и на чии настани се уште се живи приказните и се раскажува за жртвата на Христо Узунов, се поклонува пред делото на Гоце Делчев, се памтат херојските дела на Александро Турунџев, Ѓорче Петров, Никола Карев.

-На овие темели градиме иднина. И затоа денеска, во ова време на надеж, ви велам – ВМРО-ДПМНЕ е светилникот што ја осветлува темнината која долго време ја покриваше нашата земја. Во растежот на партијата, во нашите порази и победи се вклучени многу наши браќа и сестри. И оние кои се наши истомисленици, но и оние кои размислувале различно, но сепак ги споделуваат нашите идеи и во чии срце е ВМРО, сакам да испратам благодарност за нивната преданост и нивната искрена желба за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за многумина е партија, но и за многумина од нас е пред се идеја што не запира и вредности кои носат промени. Тие промени ја донесоа независноста, таа жед за своја држава донесе да учествуваат во создавањето на темелите на државата, кои многупати потоа беа силно разнишувани, разјадувани и уништувани. Но, ние не се откажвме зашто верувавме во нашата идеологија и зашто ја сакаме нашата татковина, нагласи партискиот лидер и премиер.

Како што подвлече Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ги носи и товарот и светлината на една борба што трае повеќе од век и половина.

-Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога одбележуваме 35 години од основањето на нашата партија — нашата голема, наша вечна идеја. Идејата која не прекинува, која не паѓа, која гори во срцата на секој од нас. Нашата партија, како легитимен и идеолошки наследник на историското ВМРО од 1893 година, ги носи товарот и светлината на една борба што трае повеќе од век и половина, од првите денови на Внатрешната македонска револуционерна организација која се крена против неправдата и угнетувањето па до денес, кога ние се бориме против невидливи, но не помалку опасни непријатели – корупцијата, предавствата и уништувањето на институциите, рече Мицкоски.

Одбележувањето на партискиот јубилеј е под мотото „Идеја што не запира, вредности што носат промени“, а се одржува во Хераклеја Линкестис кај Битола. Почна со инотнирање на македонската химна по што беа изведени и изворни македонски песни. На чествувањето присуствуваат членови, симпатизери, основачи и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Владата и коалициски партнери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лагард: ЕУ да се откаже од правото на вето и да ја искористи шансата за „глобално евро“
Следна Статија Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските напади врз иранските нуклеарни постројки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови, интеграцијата на земјата не треба да се злоупотребува со политички спорови

Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари

Како што ветивме продолжуваме со серија прес-конференции коишто се посветени на Оперативниот план, затоа што цениме дека нашата држава не…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекциски контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?