Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските напади врз иранските нуклеарни постројки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските напади врз иранските нуклеарни постројки
СВЕТ

Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските напади врз иранските нуклеарни постројки

Објавено June 18, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Доналд Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, објави Си-Би-Ес, повикувајќи се на добро упатени извори. За ова се разговарало на вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност во Белата куќа, но не постоела целосна согласност меѓу најблиските советници на Трамп.

Една од можните мети би била нуклеарната постројка Фордо, подземен комплекс за збогатување ураниум, за кој се верува дека е клучен за иранската нуклеарна програма, кажа функционер на американското министерство за одбрана. Фордо е сместен речиси 100 метри под земја во планина и се верува дека само САД располагаат со капацитети за негово бомбардирање.

На средбата во Белата куќа присуствувале и министерот за одбрана Пит Хегсет, потпретседателот Џеј-Ди Венс, директорот на ЦИА Џон Ретклиф и државниот секретар Марко Рубио, меѓу другите.

Трамп вчера даде неколку изјави кои покренаа прашања, велејќи дека „целосно го контролираме небото над САД“ и „засега нема да го убиеме иранскиот ајатолах, иако знаеме каде се наоѓа“ и го повика Иран безусловно да се предаде. Белата куќа во почетокот се дистанцираше од израелските напади, а потоа почна да им дава поддршка.

Пратениците во американскиот Конгрес дебатираа за нацрт-закон кој би ја ограничил способноста на Трамп да ги вклучи САД во војната. Таканаречената Резолуција за воени овластувања вели дека Трамп не може да се вклучи во напади врз Иран без претходно одобрение од Конгресот. Вашингтон претходно потврди дека му помогнал на Израел во пресретнувањето на иранските проектили.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник
Следна Статија Евакуирана првата група македонски државјани од Израел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Јапонската жена, која беше најстарата личност во светот, умре на 116 години

Почина Томико Итоока, Јапонката која беше најстарата личност на светот според Гинисовата книга на рекорди, изјави во саботата официјален претставник…

January 4, 2025
СВЕТ

Албанската наркомафија „падна“ во Финска: Запленети 300 килограми дрога

Во голема меѓународна операција, албанското Специјално обвинителство (СПАК), во тесна координација со финските власти, урна неколку моќни криминални мрежи вмешани…

June 3, 2025
СВЕТ

Повредени патници, откако избувнал пожар во авион на „Рајенер“ во Палма де Мајорка

Шест лица се полесно повредени на аеродромот во Палма де Мајорка за време на евакуацијата на патнички авион на авиокомпанијата…

July 5, 2025
СВЕТ

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?