Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати
ПОЛИТИКА

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Објавено October 29, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши со „фантастична бројка од обезбедени 60 градоначалнички мандати“.

На тоа ќе ја додадеме и бројката победи во 59 општини во советите. Тоа е резултат што не обврзува, но и мотивира да работиме уште попосветено и посилно, иако како Влада изминатите 16 месеци навистина премногу интензивно се вложивме за да докажеме дека може поинаку…Ние чуда ниту ветуваме ниту чуда се возможни, туку веруваме дека скромно и посветено, чесно успеавме да обезбедиме историска победа на овие Локални избори, рече Мицкоски.

Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Златко Сиљаноски, како иден градоначалник на Дебрца ќе ја има целосната поддршка на централната власт, се во насока на подобрување на животот на граѓаните на општината.

Мислам дека овие избори покажаа јасна разлика која политичка опција граѓаните ја поддржуваат…Кога на резултатот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се додадат и резултатите на останатите владини коалициски партнери во кои огромна заслуга има ВМРО-ДПМНЕ, тогаш доаѓаме до бројка од фантастични над 70 градоначалници, нешто што досега не го памети независна Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги повика и граѓаните кои гласале за СДСМ во првиот круг, во вториот круг да излезат и да го дадат за Златко Сиљаноски и на тој начин да го делигитимираат актуелното раководство на СДСМ.

Кандидатот за градоначалник Златко Сиљаноски во обраќањето пред гласачите рече дека нуди реална, проверена програма што во целост ќе биде испочитувана, во интерес на секој граѓанин на Дебрца, за секое населено место во општината.

Наша цел е да го подобриме животниот стандард на сите граѓани без какви било поделби. Тоа е нашето мото на кое ќе бидеме целосно посветени. Заедно со советничката листа, со помошта на централната власт остануваме посветени да ја направиме Општина Дебрца прекрасно место за живеење на сите граѓани, рече тој.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Златко Сиљаноски, во првиот круг од Локалните избори одржан на 19 октомври освои 1.212 гласа или 48,1 отсто од граѓаните кои излегоа на гласање, пред се уште актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, чија кандидатура ја поддржаа 663 лица или 26,31 отсто од гласачите.

ВМРО-ДПМНЕ победи на листата за Советот на општината со освоени шест од деветте места во раководното тело на општината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајановски: Нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин за подобар пристап и поголема безбедност
Следна Статија Директорот на “Комунална хигиена“ Рустеми поднел оставка за време на распитот во Кривичен суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ избира ново раководство: Филипче најави „искусни и млади“

СДСМ утре, на 16 декември 2025, треба да го избере новото партиско раководство, односно новите потпретседатели и новиот состав на…

December 15, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши: Законот овозможува владејачкото мнозинство да ја укине „техничката“ влада, но подобро е да се постигне договор

За да се укине „техничката“ влада, најдобро е претходно да се постигне консензус меѓу сите и затоа треба да се…

January 29, 2026
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Следува модернизација на уште 30 улици и 1000 нови паркинг места

Со знаење, со искрена желба, со многу поддржувачи, со многу љубов и човечки однос, постигнавме многу, за да денес со…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?