Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика

Објавено January 3, 2026 18:22
Сподели
Сподели

„Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест, повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да правиме и создаваме услови за најмладите, за најмилите. Тоа се нашите деца. Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика, политика која подразбира брак, деца, затоа што тоа е иднината на државата и иднината на нацијата. Се останато претставуваат вредности кои, со сиот ризик повторно да бидам критикуван, оваа влада не може да ги промовира. Оваа Влада ќе промовира секогаш про-семејни вредности, вредности за кои што мислиме дека претставуваат основа и темел на една нација и една држава.

Покрај оние бесплатни шест ин витро процедури, од три зголемивме на шест, продолжуваме со отворање на нови градинки и елиминирање на листата за чекање, тоа кое што се обврзавме во програмата. Вчера беше Кочани, конечно после сите перипетии се отвори таа градинка за 114 дечиња, денес е оваа надградба на постојната градинка во Таринци, општина Карбинци за нови педесетина дечиња. Утре ве поканувам во скопско Сопиште, исто така отвораме градинка и продолжуваме во периодот кој што следи. Кога на ова ќе се додадат и оние книги кои што ги добија првоодделенците дека семејството преставува “мајка, татко, сестра, брат и јас“, тогаш јасно ги дефинираме политиките на оваа Влада и во таа насока ќе продолжиме и во иднина да промовираме таков тип на политики.

Би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот, да им се заблагодарам и на министерот и на заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, што со својот фокус и со својата работа во рекордно време ја пуштаме оваа надградба на постоечката градинка со капацитет за 50-тина дечиња. Во таа насока очекувам да продолжиме и во годините кои што следат. Ќе повторам, иднината се децата, нашите најмили и во таа насока ќе продолжиме да ги водиме политиките. Честитам и на советниците во Советот, на администрацијата која што ја поддржува работата на градоначалникот, на пратениците кои што доаѓаат од овој дел на Македонија, на директорката на сите кои што се дел од оваа успешна и убава приказна овде во Општина Карбинци.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
Следна Статија СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Дескоска преку својот фејсбук профил информира дека изборот го сфаќа како признание за својата активност и за досегашниот придонес во…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“

Денес (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска. Овој празник поврзан со името…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колку ќе ве чини секој прекршок во „Безбеден град“?

Со стапувањето во сила на системот „Сејф сити“, камерите автоматски ќе санкционираат четири конкретни сообраќајни прекршоци, за кои се утврдени…

January 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?