Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции

Објавено November 27, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека за следната година главен фокус на Владата ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што и оваа година, како што од 3% дојдовме на 3,4% од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34% во реализација на инвестициите и на капиталните и на приватните инвестиции во третиот квартал.

Нашата цел е да дојдеме до реален раст на БДП од 4% и повеќе во услови на ваква криза, посебно во автомобилската индустрија и во услови на геостратешките политички консталации не само во Европа, туку и пошироко и да дојдеме до номинален раст на БДП помеѓу 7,5% и 8% што веќе го правиме, бидејќи во првиот квартал беше 7,5%, во вториот 7,8%. Ова е она кое претставува наша амбиција во ова време и да ги намалиме во тие услови, и јавниот и државниот долг – посочи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако ја гледаме 2025 година и додадената вредност која ја креираме во економијата и споредиме со задолжувањата ќе видиме дека тоа е во однос 2 спрема 1 и затоа кога ќе прашаат каков е јавниот и државниот долг, одговорот е дека е едниот за скоро 2,8%, а другиот за 3,5% помал од тој кој бил на крај на 2024 година.

Ако споредите со седум години СДСМ и ДУИ ќе видите дека поголемо е задолжувањето отколку креираната додадена вредност во економијата. Тоа значи дека се задолжувале, а не создавале вредност, а ние во оваа година двојно повеќе создаваме вредност отколку што ја задолжуваме државата. Оваа влада домаќински се грижи за народните пари и може да ги планира соодветно, распределува, да инвестира соодветно за да граѓаните почувствуваат дека нешто на добро се случува во државата споредено на тоа како беше по принципот „како до сега“. И никогаш нема да ја научат лекцијата, им ги слушам пораките, дискусиите тука и сфаќам дека не сакаат да ја научат. Си кажуваат една работа, комотно им е тука во Парламент, убаво им е на малкумина без да водат сметка како е во државата и каква одговорност имаат што седат во овие пратенички клупи – потенцираше Мицкоски.

Премиерот нагласи дека главна цел на Владата е да ги реализира капиталните инвестиции и во таа насока, посочи дека сите капитални инвестиции кои се дел од општините и ги финансира централната влада, а вкупниот обем на тие, ако на тоа се додадат и програмите преку министерствата доаѓаме до бројка од половина милијарда евра, додавајќи дека дел се досега завршени, дел во фаза на реализација, овие капитални инвестиции очекувам дека отприлика 75% до 80% ќе бидат готови.

Очекувам да бидеме при крај со автопатот Кичево-Охрид, во завршна фаза или најдоцна до првиот квартал во 2027 година, имаме мал проблем со проектирање на косините кои треба да ја стабилизираат земјата за да не ни се свлече, за да нема инциденти, на линија се со потпретседателот на Влада и жестоки сме со таа компанија која си игра мајтап со трпението и мислам дека треба да престанат да си играат мајтап и да го заврши тоа што требаше во февруари, па се продолжи до октомври и сега пак бара рок до февруари. Жестоко работиме на реализација на коридорите 8 и 10д, очекувам да имаме огромен напредок, очекувам завршување на реализација на капитални во други сегменти и отпочнување на нови – изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кујната во ОУ„Димо Хаџи Димов“ во Влае под клуч од ДЗСИ, се чекаат резултатите од испитувањата
Следна Статија Destiny 3 in “Extremely Early Development” at Bungie, Leaker Claims – The Game Post

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бошков: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите

За Бизнис-конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето со законот, но секое друго покачување, без олеснети…

January 27, 2026

Химс лансира орален Вегови препарат, но FDA може да биде проблем

Химс & Херс Здравје лансира компириран препарат на орален Вегови на Ново.

February 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Берзата достигна досега невиден врв – Dow Jones премина 50.000 поени

Dow Jones Industrial Average заврши на историски рекорд од 50.115,67 поени во петок, со пораст од над 1.200 поени за…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За првпат имавме раст од 3% и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?