Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Гласањето на дијаспората треба да се разгледува заедно со една изборна единица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Гласањето на дијаспората треба да се разгледува заедно со една изборна единица
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Гласањето на дијаспората треба да се разгледува заедно со една изборна единица

Објавено January 14, 2026 18:10
Сподели
Сподели

Прашањето за начинот на гласање на дијаспората треба да се разгледува заедно со можноста за воведување една изборна единица и во согласност со законските ограничувања во државите каде што живеат иселениците, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба одржана во Клубот на пратеници.

Одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на владиниот коалициски партнер Вреди, со која се предлага дијаспората да добие повеќе права и можности за гласање на некои од наредните избори, Мицкоски истакна дека пред сè треба да се дефинира дали државата ќе има една изборна единица.

Пред да дојдеме до начинот на гласање на дијаспората, потребно е да дефинираме две работи. Прво, дали ќе имаме една изборна единица, бидејќи тогаш сите гласови би се слевале во еден базен, без разлика дали се гласови на резидентното население или на дијаспората – рече Мицкоски.

Втората работа, според него, е фактот дека постојат држави кои не дозволуваат екстериторијално гласање надвор од дипломатско-конзуларните претставништва.

Има држави кои дозволуваат организирање гласање исклучиво во рамките на дипломатско-конзуларните претставништва, но има и такви кои тоа воопшто не го дозволуваат. Тоа претставува реална пречка. Се согласивме дека треба да бидеме креативни и да продолжиме да размислуваме и разговараме, но во овој момент тоа да биде на ниво на координатори на пратеничките групи – изјави премиерот.

Прашан за можната поддршка за двотретинските закони, меѓу кои и законот поврзан со проектот „Сејф сити“, Мицкоски нагласи дека сите реформски закони кои имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија или од Европската комисија треба безусловно да се поддржат.

Сите закони и процедури што се дел од реформската агенда и имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија или од Канцеларијата на Европската комисија треба да бидат поддржани, без разлика на формата, бидејќи сите сме за членство во Европската унија – рече Мицкоски.

Додаде дека не треба да се условува поддршката со прашања поврзани со балансирања или други механизми, доколку се исполнети двата предуслова.

Во однос на најавената тет-а-тет средба со лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, премиерот посочи дека во рамките на неговите активности се среќава со сите релевантни политички чинители во државата. – Во рамките на моите активности се среќавам со сите релевантни политички чинители во државата, и тоа е нормално – изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Бараните 800 милијарди долари од Украина не растат на дрвја
Следна Статија ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија

Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Во Берово денеска беа одбележани 24 години од смртта на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година. Свежо цвеќе од…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?