Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Да излеземе масовно на 2-ри ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: Да излеземе масовно на 2-ри ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
Blog

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2-ри ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Објавено October 23, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Чучер Сандево, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Мицкоски во својот говор ги повика граѓаните во вториот круг да излезат на гласање, да учествуваат во креирањето на политиките и да го заокружат бројот 9.

-Би сакал да упатам неколку политички пораки за да можат граѓаните самите да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе ја водиме државата, дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години, тоа бешe сосема поинаква коалиција предводена од СДСМ и ДУИ или пак третата група ќе останеме дома па ќе видиме каде ќе не води бранот ние заедно со бранот и ќе немаме можност да одлучуваме, што сметам дека е најпогрешната опција. Затоа што ако се остане дома и не се излезе на избори и не се гласа по сопствено убедување тогаш вие дозволувате друг да одлучува за вас и за вашата општина и насоката во која ќе оди државата. Мојата молба до сите жители на Чучер Сандево и генерално до сите граѓани во Македонија е да излезат првично на овие избори првиот круг таму каде што ќе се гласа и да гласаат по сопствено убедување, нагласи Мицкоски.

Мицкоски ги повика функционерите постојано да бидат достапни на граѓаните и да испорачаат резултати.

-Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна и уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини плус Градот Скопје тоа претставува историски резултат политички но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време се почнува рано се завршува доцна секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните. Тоа е втората порака која сакам да ја упатам, кажа Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната
Следна Статија Кинезите се откажаа од купување руска нафта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Бик – сабота, 25 јануари 2025

1. Денеска е ден за изградба на стабилна самодоверба за личностите родени во знакот Бик. Со својот стабилен, практичен и…

January 25, 2025
Blog

Довидување, ‘Halo Infinite’ (2021-2025)

Без оглед на предизвиците и тешкиот почеток, 'Halo Infinite' порасна во нешто добро со текот на времето

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан,…

January 28, 2026
Blog

Кои земји ќе бидат најпогодени од американските царини?

Една петтина од извозот од Европската Унија оди во Соединетите Американски Држави. Царините врз секторот за производство на автомобили најтешко…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?