Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас, Македонија останува со крената глава, нема да дозволиме ново предавство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас, Македонија останува со крената глава, нема да дозволиме ново предавство
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас, Македонија останува со крената глава, нема да дозволиме ново предавство

Објавено July 9, 2025 15:38
Сподели
Сподели

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, на површина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција. 

Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а Бугарија видовме и дека знае да ја утне вистинската страна“.

Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но не од сега, туку уште од 1990 година. Таа има јасна агенда и план, водена е од мислата да ги уништи македонската нација и идентитет. Но, да оставиме трага на вистината. Ова е нашиот Крушевски манифест, мораме да се мобилизираме со сите наши пријатели и сојузници. Ова е борба за фундаметнални правда и вредности. Но, оваа борба ниту почнува, ниту завршува денес, сите овие перипетии колку и да се трагични за Македонија имаат успешна димензија, потенцира Мицкоски по повод гласањето на извештајот во ЕП.

Според премиерот, македонската историја е втемелан на неправди.

Неправдите не се само идентитестки, преку оспорување и предавство, туку се и социо-економски, се раселувале, бегале од тука. Денес само методите се поинакви, но суштината е идентична. Никогаш нема да се соочиоме со неправдите ако не ги именуваме идентификуваме и победиме, рече Мицкоски.

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.  Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Неправдите кон Македонија биле отсекогаш, само методите се различни
Следна Статија (Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Студен бран од север доаѓа во Македонија

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мечка со две мали мечиња снимени покрај патот Маврово-Дебар

Снимка од мечка со две мали мечиња, кои се движат покрај патот Маврово-Дебар, објавена вечерва, наиде на симпатии кај граѓаните…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лефков: 3 милијарди денари повеќе во буџетот за образование, се подобруваат условите за работа и учење и се зголемуваат платите

Предлог буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?