Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до сите македонски граѓани: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до сите македонски граѓани: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до сите македонски граѓани: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин

Објавено September 30, 2025 11:54
Сподели
Сподели

Денес во македонската Влада се одржа настан Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека оваа програма не е само документ или формалност, туку е план за дејствување, визија и стратегија која ќе се реализира со конкретни активности насочени кон иднината на нашата држава и нашите граѓани. Човечкиот капитал, рече Мицкоски, е најважниот ресурс кој ги движи сите останати.

Нема градинки без деца, нема училишта без ученици, нема универзитети без студенти, нема спорт без спортисти, нема земјоделие без земјоделци, нема општини без граѓани. Нема економија без работна сила, нема потрошувачка без потрошувачи, нема ништо без луѓето, нема ништо без народот и демографија. Демографската рецесија не е нов феномен, таа трае повеќе од 70 години. Во 1950-та година па до денес, бројот на родени деца постојано опаѓа. Во 1950-та имало над 50.000 новородени бебиња, во 2024-та имаме само околу 16.000 новродени бебиња. Кога овие деца ќе одат во прво одделение значи дека ќе имаме околу 150 училници празни, 250-300 наставници ќе останат без работа. Тоа е резултатот од оваа рецесија – рече тој.

Мицкоски оцени дека овој пад има две главни причини.

Првата причина е природниот проџцес, како држава секогаш сме биле народ кој знае да емигрира и второ, намалениот наталитет и фертилитет. Владата е свесна за ова прашање и веќе работи на неколку линии. Создадовме највисок економски раст на Балканот во однос на нашиот БДП. Тоа значи нови работни места, поголеми плати, поголеми можности за младите. Инвестираме во иднината на семејствата – шест бесплатни обиди за инвитро со забрзана процедура, на товар на Фондот. Бесплатни учебници за учениците затоа што образованието е темел на демографскиот раст – рече премиерот.

Тој зборуваше за книгите за семејствата, кои им ги поделил на учесниците на денешниот настан и преку кои децата треба да научат кога зборуваат за семејствата дека тоа не е „јас, тато и мама“ туку „јас, тато, мама, бато и дада“.

Многудетните семејства, посочи Мицкоски, мора да биде прв приоритет на оваа и сите следни Влади.

Сакам до сите македонски граѓани да упатам јасна порака: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина. Без разлика на етничката или верската припадност, многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина и богата држава која ќе се развива, семејството е одговорот на овој предизвик- рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари
Следна Статија Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се намалува криминалитетот кажа Тошковски во Собрание

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на пратеничко прашање за безбедносната состојба во државата рече дека статистиките покажуваат пад…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова вели дека е очекувана одлуката на Уставниот суд за подготвителна седница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за иницијативите за Законот за употреба на…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше на увид на градежните активности на автопатот Кичево – Охрид. Би сакал само…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?