Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти

Објавено December 25, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во однос на поскапувањето на цената на струјата, нагласи дека изминатиот период тие постојано ја манилупирале јавноста со бројки за покачуваење на цената од над пет проценти, над десет проценти за на крај да излезе дека поскапувањето е 2 и нешто проценти.

-Ова прашање можеби најдобро ќе ви го одговори новиот член на вашиот Извршен комитет господинот Бислимоски, кој што е брат на претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски. Регулаторната комисија по закон, по Устав е незвисно тело, не знам зошто мене ми го поставувате ова прашање, претпоставувам треба да му го поставте на Марко Бисломоски, чиј што брат сега ви е соработник во Извршниот комитет на СДСМ и се надевам дека тој ќе ви даде пропрецизен одговор од мене. А зошто ја манипулиравте јавоста со поскапувања од над пет проценти, па над десет проценти, па не излезе толку, излезе 2 запирка нешто проценти претпоставувам исто така тие можат да ви дадат одговор, му одговори Мицкоски на Филипче, кој меѓудругото го праша и зошто тие како Влада, во изминатите над година и половина не сториле нешто за да го зајакнат енергетскиот сектор.

Мицкоски истакна дека изминатите година и половина повеќе од 50 луѓе, кои што го уништувале тоа кое што е оставено од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, која тој бил директор на ЕЛЕМ, или се под истрага или се водат судски процеси против нив, а поранешен директор и висок поранешен функционер на СДСМ е во бегство.

-Ако е невин, ако е чесен ќе дојде тука и ќе се соочи со органите и ќе даде исказ и ќе каже зошто е така. Дали можеби кога зборувате за енергетските капацитети мислите и на компани кои што во минатото добивале екслузивно право да увезуваат јаглен и за тоа одредени јавни личности и политичари беа наградувани со скапи џипови, кои што ги возеа со полномошно на такви фирми и се префрлаа средства во соседството. Дали на тоа мислите кога зборувате за уништување на енергетскиот систем или пак мислите на тоа кога се купуваа хемикалии и останати средства, кои не се потребни за се делат провизии на високи поранешни фунционери на СДСМ во Вардарскиот регион, во Пелагонскиот регион и.т.н. Дали на тоа зборувате и на тоа мислите кога зборувате за уништување на енергетскиот систем, рече Мицкоски.

Ќе ве потсетам, додаде, август месец 2017 година нула долгови, 25 милиони евра депозити и некаде околу 380 милиони денари на сметка на тогашната АД ЕЛЕМ и нула долгови, исплатени плати, август 2024 месец 7 проценти состојба на акумулации на електрична енергија, нула откривка на јаглен во РЕК Битола, на депонијата околу околу 20 – 30 илјади тони, неремонтирани блокови во РЕК Битола, неремонтиран Осломеј, една катаклизмична состојба и долгови од повеќе од 150 милиони евра.

-Јас не знам како се оперира глава, срце и.т.н., но знам кого да прашам, друг пат кога ќе ви ги постават овие прашања и пак ќе ве носат во длабоко, бидејќи не е ова ваша тема, барем прашајте некој кој што ги разбира овие работи затоа што тоа што вие го оставивте како Влада во енергетскиот сектор катаклизма е комплимент, но затоа оставивте позади себе десетици стотици милионери, политички профитери и лешинари, кои се талог на општеството, потенцира Мицкоски.

Тој се осврна и на антикорупциската платформа на СДСМ, при што напомена дека со тоа тие само дополнително им покажуваат на граѓаните зошто седум пати по ред континуирано губат избори и зошто сега на 11-ти повторно ќе изгубат.

-И јас ви велам и на следните парламентарни избори ќе ви се случи дебакл и повторно ќе изгубите ако вака продолжите, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити
Следна Статија ДУИ: Стоилковиќ отпушти седум вработени Албанци, ова е директен удар врз принципите на еднаквост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ

Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на кој работниците…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, јави дописникот на МИА од Белград.…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар

Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со…

January 20, 2026
Blog

Филипче: Идната година ќе ни биде уште потешка, ќе имаме сериозна криза!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, им порача на граѓаните дека оваа 2025 година била тешка, но таа што доаѓа ќе…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?