Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Залудно е да се расправаме за патишта, клучки, даноци, плати и пензии ако имаме сè помалку луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Залудно е да се расправаме за патишта, клучки, даноци, плати и пензии ако имаме сè помалку луѓе
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Залудно е да се расправаме за патишта, клучки, даноци, плати и пензии ако имаме сè помалку луѓе

Објавено September 8, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Денес мора да донесеме одлука – да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ги вратиме надежта, радоста и детската насмевка во секој дом. Но, истовремено мора да внесеме и надеж. Владата ова прашање го гледа како прашање на иднината на нацијата и затоа го поставува како еден од највисоките национални приоритети, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната централна свеченост на која беа одбележани 34 години од осамостојувањето на државава.

Ние сме решени да изградиме систем кој ќе ја охрабри младата генерација да остане тука, да создаде семејство и да верува во својата иднина дома. Тоа значи постојана работа на политики што ја зајакнуваат довербата во државата, што нудат стабилност и чувство на сигурност, што отвораат перспектива за секој млад човек, дека овде може да има достоинствен живот. Нашата визија е Македонија да стане земја во која детската насмевка ќе биде најголемата вредност, земја во која родителите ќе знаат дека нивниот труд и љубов се вреднувани, земја во која иднината не се гледа во иселување, туку во создавање, истакна премиерот.

Затоа, како што рече, Владата останува посветена да вложува во луѓето, во семејствата, „во секое ново дете што ќе се роди“.

Тоа е суштината на нашата мисија – да обезбедиме Македонија да ја има и утре и задутре и во генерациите што доаѓаат, подвлече Мицкоски.

Премиерот рече дека залудно е сè, ако има сè помалку луѓе во државата.

Не можам да бидам мирен кога се знае и е јасно дека Македонија ја има сè помалку. Може ние да се расправаме за патишта, клучки, за даноци, плати и пензии. Но, залудно е ако имаме сè помалку луѓе. Ако наталитетот е во рецесија. Залудно правиме патишта ако нема кој да вози по нив, да градиме училишта ако клупите се празни или да градиме игралишта ако нема детски жагор во нив. Залудни се сите наши борби и грижи ако за 70 – 100 години, народот ни се преполови. Ние не сме многуброен народ, а прашањето за наталитетот е прашање за нашата егзистенција како народ и држава, додаде премиерот.

Тој посочи дека во Битола, во 2015 година, прво одделение започнале 960 првачиња, а десет години подоцна, само 651 дете.

За една деценија изгубивме повеќе од 300 ученици – една цела генерација што ја нема. Во Тетово, каде пак миграцијата од село во град е голема, во 2022 година имавме 1076 првачиња, а оваа година само 940. Во Охрид, во 2022 имаше 560, а во 2025 – едвај 440 деца. Тоа значи дека секоја паралелка се гаси пред нашите очи. Најдраматичен е примерот на Радовиш: во 2022 година имаше 208 првачиња, а оваа година – само 139. За три години, речиси 70 деца помалку. Овие бројки не се само статистика. Тие се приказни за затворени училници, за празни игралишта, за мали градови и села што полека се празнат. Денес мора да си кажеме вистината: Македонија ја има сè помалку, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петмина загинати во вооружен напад во Ерусалим – убиени двајца осомничени напаѓачи
Следна Статија Со 2,62 промили, возел на регионалниот пат Кавадарци – Возарци и излетал од патот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кос не може да ни даде гаранции ни ако го смениме Уставот

Нашата политичка цел е да отворат преговорите за пристап за Македонија, по кластер 1, најскоро можно, истакна еврокомесарката за проширување…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се направи јасен акциски план во догледен рок и да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со одвојувањето на пет проценти од Буџетот за одбраната денеска појасни дека барањата се да…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона (ВИДЕО)

Срамна и опасна сцена – возило снимено како се движи низ пешачката зона на мостот „Гоце Делчев“. Погледнете го видеото…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (04.11.2024) во Клубот на новинари учествуваше на заедничка прес конференција организирана од Здружението…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?